Автор: Butterflyrnrnrn
rnrn8-ца, 10-ка, 18-ка, 20-ка…rnЦрни, црвени, кафени, сиви, бели, виолетови…rnОтворени, затворени, зимски и летни.rnШтикли.rnЗа некого само обувки, за некого неподносливи.rnЗа мене незаменливи.rnОбожувани, сонувани, посакувани. Едни од малите нешта кои ме прават среќна.rnКога ќе кажам штикли, помислувам на елеганција, отменост, малку арогантност, а пред сè женственост. Моќ работите да ги гледаме од малку повисоко.rnМе потсеќаат на вечер, ноќ, и се единствени сведоци на она што вистински се случило таа вечер. Кријат тајни, прават болки.rnСпособни да разбудат еден цел град, да ги растреперат улиците, да се слушнат, да остават некој без сон.rnМе носеле секаде каде што сум посакувала, места кои само тие ги памтат.rnПокрај тоа што биле агресивно соблекувани, одделени од ногата поради страст, болка, тие секогаш го знаат патот за назад, и никогаш ама баш никогаш не ги раскажуваат своите приказни и тајни средби со градските сокачиња и скали.rnНивниот звук го означува почетокот на една ноќ, една љубов, една средба, еден танц…rnМоите штикли се спремни да одекнат низ улиците…rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
