КАФЕ ПАУЗА

Кои видови одмор му се потребни на телото за нормално да функционира?

Кои видови одмор му се потребни на телото за нормално да функционира?

Written by

in

,

Одморот е временски период кога ја надополнуваме нашата енергија на ментален и физички план и на тој начин го подготвуваме телото за следните активности. Дали знаевте дека покрај физичкиот, постојат и други видови одмор? Во продолжение прочитајте за што конкретно станува збор.rnrnКои видови одмор му се потребни на телото за нормално да функционира?rn

1. Физички одмор

rnКога едвај успевате да ги држите очите отворени, тоа е сигнал дека вашето тело е исцрпено и има потреба од одмор. Физичкиот одмор е наменет за ослободување од напнатоста и смирување на вашето тело. Освен тоа, како што старееме, нашата потреба за физички одмор станува сè позабележителна.rn

2. Емоционален одмор

rnЕмоционалното преоптоварување, без разлика на тоа дали се работи за личниот или професионалниот живот, може да доведе до нарушување на функциите на мозокот. Од друга страна, емоционалниот одмор е тој што ни помага да го одржуваме менталното здравје. Тоа значи да останеме имуни на луѓето кои предизвикуваат негативни емоции кај нас како лутина, завист, срам, вина или љубомора.rn

3. Ментален одмор

rnДали одвреме-навреме се чувствувате психички исцрпени? Дали забележувате како вашиот ум е преполн со мисли, најчесто за она што се случило во минатото, но и за она што треба да се случи? Во тој случај, потребен ви е ментален одмор. Немирот, неодлучноста, недостатокот на внимание и зголемениот број на грешки во работата – сето ова се знаци дека ви е неопходен ментален одмор.rn

4. Одмор на сетилата

rnСветлината од екраните и воопшто, зголемената употреба на технологијата доведува до т.н. сензорна исцрпеност – потреба за одмор на сетилата. Ваквата појава не само што може да доведе до негативни физички ефекти како болка во вратот, туку може да влијае и врз вашите односи со другите. Според истражувачите, прекумерната употреба на новата технологија може да доведе до депресија, нездрава исхрана и лош квалитет на живот.rn

5. Социјален одмор

rnЗа некои од нас дружењето после работа претставува начин за одново полнење на батериите после напорниот ден. Сепак, да не заборавиме дека и дружењето и комуникацијата со луѓе бара дополнителна доза енергија која може да нè исцрпи. Социјалниот одмор, од друга страна, ни овозможува одново да се поврземе со себе, а на тој начин се намалуваат стресот и тензиите од секојдневните обврски.rnrnОткако прочитавте за повеќето видови одмор, можеби ќе сакате да прочитате и за техниката за одмор која ја користеле Томас Едисон и Салвадор Дали.rnrnИзвор: themindsjournal.com