КАФЕ ПАУЗА

Се прашувате како функционира љубовта? Овие книги го содржат одговорот!

Се прашувате како функционира љубовта? Овие книги го содржат одговорот!

Written by

in

Луѓето често велат дека секоја слика, секоја песна, секој роман или секоја песна е на некој начин за љубовта. Љубовта е централна тема во уметноста и во нашите животи. Во продолжение прочитајте кои се најдобрите книги кои можат да ви помогнат да ја сфатите психологијата на љубовта и да разберете како функционира и што таа претставува за човекот.rnrnСе прашувате како функционира љубовта? Овие книги го содржат одговорот!rn

Зошто сакаме – Хелен Фишер

rnКритичарите ја нарекуваат оваа книга „револуционерно истражување на нашата најсложена и мистериозна емоција“. Оваа книга всушност ги претставува резултатите од студијата во која Хелен Фишер ги скенирала мозоците на луѓето кои тукушто се заљубиле и таа докажала дека одредени области на нашиот мозок се активираат кога го доживуваме ова чувство. Таа објаснува што доживуваме кога се заљубуваме, зошто избираме одредена личност и како романтичната љубов влијае на сексуалниот нагон и на чувствата на приврзаност кон партнерот.rnrnСе прашувате како функционира љубовта? Овие книги го содржат одговорот!rn

Новата психологија на љубовта – Роберт Ј. Стернберг, Карин Стернберг

rnВо оваа прекрасна книга, авторите ги анализираат мислењата од десетина стручни соработници за да го решат прашањето за дефинирање на љубовта. Тука ќе најдете многу научно-докажани факти за љубовта.rnrnСе прашувате како функционира љубовта? Овие книги го содржат одговорот!rn

Општа теорија на љубовта – Томас Луис, Фари Амини, Ричард Ланон

rnОваа книга се базира на најновите научни истражувања во однос на тоа како функционираат врските, како навистина функционира психотерапијата, како родителите влијаат врз развојот на децата и ни нуди нова перспектива за човечката интимност.rnrnСе прашувате како функционира љубовта? Овие книги го содржат одговорот!rn

Како да ја добиете љубовта што ја посакувате – Харвил Хендрикс

rnОваа книга за прв пат била објавена во 1988 година и им помогнала на милиони парови. Авторот, Харвил Хендрикс, ја создал Imago Relationship Therapy, која се заснова на различни дисциплини како што се гешталт терапија и когнитивна терапија.rnrnСе прашувате како функционира љубовта? Овие книги го содржат одговорот!rn

Седум правила за успешен брак – Џон Готман, Нан Силвер

rnМногу луѓе би можеле да кажат дека д-р Џон Готман направи револуција во проучувањето на бракот затоа што ги проучувал навиките на брачните парови со невидени детали во текот на многу години. Оваа книга е всушност кулминација на неговиот животен труд и содржи 7 правила кои можат да доведат до хармоничен и здрав однос.rnrnСе прашувате како функционира љубовта? Овие книги го содржат одговорот!rn

Држи ме цврсто: Седум разговори за живот полн со љубов – Сју Џонсон

rnВо оваа книга, д-р Сју Џонсон за прв пат ја претставува емоционално фокусираната терапија на пошироката јавност, техника опишана од страна на магазинот „Њујорк Тајмс“ како најуспешна терапија за парови. Оваа книга е лесна за читање и е разбирлива и за стручните лица и за луѓето кои се заинтересирани да ја подобрат својата врска.rnrnСе прашувате како функционира љубовта? Овие книги го содржат одговорот!rnrnОткако прочитавте кои книги можат да ви помогнат подобро да ја сфатите љубовта, можеби ќе сакате да откриете и кои безвременски љубовни романи вреди да ги прочитате барем еднаш во животот.rnrnИзвор: allwomenstalk.com