На сите нам ни е добро познато чувството што ни го пружат класичните љубовни приказни, кои се проткаени со доза на мистичност и романтика. Не само што ни даваат можност за миг да „ѕирнеме“ во некои минати времиња, туку можат и да нè поучат на важни работи за животот. Во продолжение прочитајте ја нашата листа на безвременски љубовни романи.rnrn
rn
„Гордост и предрасуда“ од Џејн Остин
rnЕден од најпознатите романи на Остин, „Гордост и предрасуда“ го следи животот на главната хероина Елизабет Бенет, а притоа нуди опширна анализа на англиското општество кон крајот на 19 век.rn
„Сонот на летната ноќ“ од Вилијам Шекспир
rn„Сонот на летната ноќ“ е една од најпознатите романтични комедии на Шекспир, изведувана ширум светот. Во комедијата се прикажани авантурите на четири млади атински љубовници и група глумци, нивниот однос со кралот на Атина, Тезеј, Хиполита како и група самовили кои населуваат една шума. Целата приказна е проткаена со некаква магија која нема да ве остави рамнодушни сè до последната страница.rn
„Љубовна приказна“ од Ерих Сегал
rnСветски познатиот роман „Љубовна приказна“ е една од најпродаваните класични романтични книги на сите времиња. Романот ја следи приказната за една вистинска, непоколеблива љубов која инспирирала генерации и генерации. Романот бил и инспирација за истоимениот американски филм од 1970 година во режија на Артур Хилер.rn
„Страници за нашата љубов“ од Николас Спаркс
rnДоколку сакате да ја почувствувате магијата на вистинската љубов, тогаш овој роман е вистинскиот избор за вас. Тој нуди чудесен портрет на љубовта која се случува само еднаш во животот на секој од нас. Ви ветуваме дека ќе уживате во приказната на двајцата главни ликови, Ноах и Али, која ќе ве остави без зборови.rnrnОткако ја прочитавте нашата листа на безвременски љубовни романи, можеби ќе сакате да ги прочитате и 8-те причини зошто треба да почнете да читате љубовни романи.rnrnИзвор: themindsjournal.com