КАФЕ ПАУЗА

Како да препознаете лажен профил на Фејсбук?

Како да препознаете лажен профил на Фејсбук?

Поголемиот дел од лажните профили се направени со цел да се шират спам-пораки и вируси ширум мрежата, но Фејсбук сè уште нема начин да го спречи нивното создавање. Од вкупно 1,35 милијарди корисници, се верува дека помеѓу 20 и 30 проценти се лажни профили. Токму затоа погледнете ги следниве знаци според кои можете да препознаете дали станува збор за лажен профил…rnrnКако да препознаете лажен профил на Фејсбук?rn

1. Проверете ги фотографиите

rnОва е најбрзиот и најпрецизен начин за да проверите нечиј профил. Симнете ја профилната фотографија, отворете на Гугл и одберете ја опцијата за пребарување фотографии. Откако ќе ви се отвори нова страница, повлечете ја фотографијата од вашиот компјутер во просторот за пребарување на Гугл и ќе го добиете изворот на таа фотографија. Доколку не наоѓате ништо, фотографијата не е преземена од веб-сајт.rn

2. Број на фотографии

rnПоголемиот дел од лажните профили имаат само една фотографија. Истражувањата покажуваат дека повеќе од 2/3 од личностите кои ги креираат овие профили поставуваат само една единствена фотографија.rn

3. Проверете го тајмлајнот

rnЛажните профили најчесто немаат никакви содржини на својот „ѕид“ или пак, таму се наоѓаат само информациите за профилната фотографија и/или каверот.rn

4. Поголемиот дел од лажните профили се женски

rnИстражувањата покажале дека поголемиот дел од лажните профили кои постојат на Фејсбук се женски и често содржат провокативна профилна фотографија или име.rn

5. Проверете ги пријателите

rnДоколку личноста која ве додала за пријател на Фејсбук нема ниту еден заеднички пријател со вас, тогаш големи се шансите дека се работи за лажен профил. Но, дури и да имате мал број заеднички пријатели, доколку не ја познавате оваа личност, пред да ја прифатите, прво добро проверете за кои пријатели станува збор, што лајкувала, во кои групи спаѓа и слично со цел да дојдете до дополнителни информации…rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.