„Овие приказни се обични приказни. Вистински, човечки и возможни. Иако во животов сè е одамна невозможно.“
rn
Наша оценка: 10/10
rn
Ваша оценка: [ratings]
rnОткако конечно дојде денот на излегувањето на виделина на новото дело на нашиот генијалец, ги поместив сите планирани книги за недела подоцна за да му го посветам заслуженото внимание на најновото дело на Џамбазов. Додека е „тазе“ и свежо. Иако верувам дека никогаш нема да излезе од мода и да се смета за бајато. Исто како што Скопје, Сарај, Матка ја слушаат многу генерации, тоа ќе се случи и со неговите книги. А бидејќи сум ги прочитала претходните, можам слободно да ви ја најавам најновата како нешто што мене лично, најмногу ми се допадна. Сосем спротивно од „Гол човек“, овој пат Џамбазов ги остава зад себе мрачните приказни од својот живот и ги заменува со една поведра слика, убави спомени и топли приказни со многу чувства и емоции.rnrn
rn
Доделуваме 2 книги во соработка со Издавачкиот центар ТРИ
rnrnrn
rnrnИгор Џамбазов го знаеме сите ние (помладите генерации) уште од мали. Го знаеме како актер, водител на бинго, маестро, а сега и како писател. И тоа ни помалку ни повеќе туку на автобиографски книги, за што, треба да се има храброст. Многу луѓе не се искрени ни пред самите себе, а не пак да ја соголат душата пред некој друг.rnrn
„Решив повеќе да не ја барам уметноста во себе. Ниту да се барам себеси во уметноста. Ќе преживее таа некако и без мене.rnrnУметноста на живеењето е во живеењето, пријателе мој.“
rnЗнаејќи каков шоумен (меѓу другото) е Џамбазов, може само да претпоставите што ве чека ако тој решил да ви раскаже за животот. Неговите сведоштва убаво и топло ги „скоцкал“ во 10 приказни, креирајќи фасцинантни раскази зачинети со неговиот препознатлив хумор, со разни пикантерии, интригантности, и многу искреност, проткаени со неговата оригиналност и единственост.rnrn
rnrnЧитајќи чувствував како да гостува во моја емисија и едноставно седи до мене и ми раскажува. Ете толку близок станува Џамбазов со читателот. Секоја од приказните ве интригира да се интересирате за да дознаете повеќе, но истовремено задоволувајќи ве со веќе напишаното. Книгава би ја оценила како еден топол збир на случки и настани, на личности кои му биле блиски на писателот, дали членови на неговото семејство, другари, колеги, но најмногу љубови, остварени и неостварени, телесни и платонски. Игор вешто ги крие идентитетите на дамите кои се кријат зад приказните, но нема да ве поштеди од експлицитното раскажување.rnrnСо книгава Џамбазов ќе ве поучи да живеете за да креирате незаборавни спомени кои ќе можете да ги прераскажете. Да живеете заради малите, убави и обични нешта. Ќе ве покани да бидете дел од неговата трансформација, од гол до облечен човек. Ќе ви објасни, метафорично, дека му здодеало да биде гол. Сега на сè ќе му даде смисла и облик, ќе се облече, парадоксално соголувајќи се пред вас како негови верни читатели и почитувачи. Ќе ви каже што прави еден човек откако ќе добие втор мандат од животот.rnrn
„…Колку многу трае еден миг. И колку е скапоцена секоја секунда од нашето битисување.“
rnНајтопло ви ја препорачувам. Купете си ја за вас, подарете ја за Божиќ, дискутирајте за неа во друштво или размислувајте кога сте сами со себе.rnrn
тел: 02/3238-722
knizarnica@kniga.com.mk
