„Значи не сте нормални Вие хомосапиенсите!“rnrn
„Еднаш се живее, и тоа девет пати“. Запознајте ја Емилија Џамбазова со уметничко име Бавчанска. Дојдена од радовишките бавчи, провинцијалка која се соочува со згодите и незгодите на главниот град… Да не дојде до некаква забуна. Емилија е мачка. Посебна мачка во секој поглед, но најважно од сè, миленичка на единствениот Џамбазов. Прва мачка во нашата мила Мјаукедонија, а богами и во светот, која издала дневник со своите мемоари. Ѝ завидувате? Имате и зошто.rnrnПо двете претходни книги каде Џамбазов се осврна кон својата животна приказна, ја соголи душата и пред оние кои го сакаат, а и пред оние кои го мразат, овој пат издава книга во која тој е споредниот лик. Сопственикот на Емче кој мисли дека може да се носи со нејзиниот темперамент и мачешки инстинкт.rnrn
rn
Доделуваме 2 книги во соработка со Издавачкиот центар ТРИ
rnrnrn
rnrn
„Брадосаниот си го одржа зборот. Ме зема со себе. Малата Емче во големиот град. Вети дека ќе ме чува… Кутриот тој. Ќе разбере ли? Тој може да биде колку сака мој сопственик, но јас никогаш и никако нема да бидам негова сопственост. Не знае тој со кого си фатил работа.“
rnАко некогаш неговото куче Бошко се потпишуваше на колумни, сега неговата Емче си пишува дневник. Тоа само докажува дека животните имаат посебно место во неговото срце. Зошто Еми, Емче, или како сакате, е посебна? Таа е мачка која макар во фантазијата на Џамбазов го разбира човековиот јазик, го разбира дури и нашето кирилично писмо, има свој став за секоја погода и непогода, од Евровизија до глобалното затоплување. Верувајќи дека древните Маи си скроиле перфектен план за човештвото, Ејми води дневник за речиси секој ден од 2012-та тврдејќи дека ќе биде и последна.rnrn
rn
„Владимир Илич – Ленин си го имал Мишка, и си го галел в скут додека давал интервју во Кремљ. Фреди Меркjури си ги имал Кити и Кети, неговите дебели ќерки, Курт Кобејн го имал лудиот Пиги и го носел на сите свои турнеи, Џејмс Дин го имал Маркус, подарок за роденден од Елизабет Тејлор… А Сопственикот ме имаше мене. Тој ги сака животните повеќе од луѓето, вклучувајќи се и себеси.“
rnПрекрасно мало дело со топли приказни од нашата единствена Мјаукедонија, кое ќе ве насмее со уникатната и неповторлива смисла за хумор на Џамбазов. На моменти ќе ве однесе во светот на фантазијата за потоа силно да ве мавне со реалноста по чело. Книга чии страни ќе ви прелетаат низ прсти за ден или два. „Приказни од Мјаукедонија“ е одличен начин кој авторот го одбрал за да ги критикува општествените појави, да исмее одредени карактеристики на мјаукедонскиот и светскиот човек, но пред сè да си даде силна критика и на самиот себе. 
тел: 02/3238-722
knizarnica@kniga.com.mk
