rn
5. „Градот Ембер“ (The City of Ember) – Жан Дупрау
rnВо оваа книга се зборува за група архитекти, научници и доктори кои го создаваат подземниот град Ембер, кој располага со доволно ресурси за живот во следните 200 години. По 250 години, почнуваат да недостигаат важни ресурси и двајца млади жители се обидуваат да го спасат.rn
6. „Фаренхајт 451“ (Fahrenheit 451) – Реј Бредбери
rnЛитературното ремек-дело на Реј Бредбери ни раскажува за едно општество во кое луѓето живеат во огноотпорни домови и уживаат во материјални добра додека паралелно постои и подопштество, мала група луѓе кои и покрај наредбата за горење на сите книги, тие знаат наизуст најмалку по една, за да можат да ја раскажат на поколенијата.rn
7. „Лавиринтотот: Невозможно бегство“ (The Maze Runner) – Џејмс Дашнер
rnСтанува збор за научно фантастичниот дистописки роман за момчето Томас, кој еден ден се буди без ниту еден спомен, опкружен со странци, во областа позната како Глејд, околу која има лавиринт без излез.rn
8. „Дивергентни“ (Divergent) – Вероника Рот
rnУште едно дистописко дело, трилогија, претворено во филм. Дејството се случува во постапокалиптично Чикаго, каде што луѓето се поделени во пет фракции, врз основа на нивната личност и вредност. Главниот лик, девојката Трис Прајор, открива дека е дивергентна, односно дека не припаѓа на ниту една од овие групи.
Погледнете ја и оваа листа од филмови кои ја предвидоа иднината.

