Работите во денешните машко-женски односи не се баш црно-бели. Времињата се такви што некои работи во модерните врски се доста збунувачки.rnrn
rn
1. Не знаеш дали си на состанок
rnЕден од двајцата предложил да одите заедно да јадете или да седнете на пијачка. Вие чувствувате дека има некаква хемија меѓу вас, но не ви е јасно дали тоа е состанок или се работи само за дружба како и досега.rn
2. Не знаеш колку долго треба да чекаш
rnНе знаеш колку долго треба да чекаш за да иницираш секс со новиот потенцијален партнер за да бидеш сфатен/а сериозно. Не знаеш дали тоа треба да се случи на вториот состанок, дали треба да се чека барем 3-4 состаноци или повеќе. Тоа зависи од оние кои се состануваат, но не постои стандард за човек да знае како да постапи, а да не згреши.rn
3. Не се знае разликата меѓу сериозна и несериозна врска
rnДодека еден смета дека двајцата се гледаат само заради секс и дружба без обврски, другиот прави планови за подалечната иднина. Врската им е таква што едниот ја гледа како сериозна, а другиот само како забава. И повторно, нема стандард за тоа како треба да гледаат на тоа, сè е прашање на личните уверувања.rn
4. Ако немало чувства, смеете ли да се гледате со неговиот/нејзината другар/ка?
rnАко со некого сте имале нешто кое траело кратко и во кое не биле вклучени никакви чувства, дали тогаш е во ред вашата идна цел да биде неговиот/нејзината другар/ка? Најчесто тоа се смета за неприфатливо, но што ако во вториот случај има некакви чувства? А ако и двајцата се од мало место, па секој му е другар на секого?rn
5. Едниот има чувства, а другиот не
rnЕдниот очигледно е вљубен, а другиот не е. Вљубениот/ата дава можност за врска на другиот, но тој/таа го/ја користи само за забава. Прашањето што се поставува е дали треба уште од старт секој да ги соопшти своите намери или работите да се остават природно да си течат.rn
6. „Јас се гледам со многу девојки, но машко сум. Ама таа е женско и не треба така.“
rnЗбунувачки двоен стандард кој нема никаква разумна основа, но си останува да постои. Добредојдовте во 21-виот век!rn
7. Никој не сака да става етикети на односите, но на крајот сите сакаат нивната врска да биде дефинирана
rnНесатавњето етикета на врските значи избегнување одговорност и посветеност. Луѓето не сакаат да се чувствуваат заглавени, да имаат обврска кон некого. Па сите сакаме да бидеме слободни, зарем не?rnrnНо, на крајот, на сите ни е потребна таа цврста основа за да знаеме на што сме со некој. Оди па сфати.rn
8. Никој не сака прв да каже „те сакам“
rnНебаре во врска се влегува за да не се сака партнерот, па никој не сака да биде првиот што ќе изјави љубов. Кога ќе се најде некој/а трет/а што ќе го каже тоа, веќе е доцна.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.