Менталното здравје го заслужува истото внимание како и физичкото. Вашиот ум ќе ви биде благодарен доколку го храните со убави, позитивни мисли. Само на тој начин ќе постигнете благосостојба на телото и умот. Во продолжение прочитајте кои 5 наслови можат да ви помогнат да го подобрите менталното здравје.rnrn
rn
1. „Книга за утеха“ од Мет Хејг
rnАко ви треба утеха дека бурата ќе помине, тогаш оваа книга која е збирка со раскази, белешки и приказни на еден од најпознатите современи британски автори е одличен избор за вас. Преку многуте историски настани, научни факти, но и лични анегдоти, писателот им порачува на читателите да не заборават дека секогаш постои надеж нештата да станат подобри.rnrn
rn
2. „Нескротлива“ од Гленон Дојл
rnВо својот мемоар, писателката Гленон Дојл докажува дека можеме да ги пребродиме сите тешкотии во животот само доколку не се плашиме да бидеме она што сме. Иако навидум имала сè – успешна писателска кариера, три деца и сопруг, сепак нештата не се одвивале во вистинската насока сè додека не ја запознала Аби. Оваа книга ги води читателите на нејзината потрага по среќа и патем им нуди многу корисни совети за животот.rnrn
rn
3. „Добри вибрации, добар живот“ од Векс Кинг
rnВекс Кинг во оваа книга им објаснува на читателите како преку медитација можат да ги надминат неуспесите, да ги претворат негативните во позитивни мисли и да бидат среќни.rnrn
rn
4. „Белешки за себеси“ од Конор Франта
rnФранта преку приказни, поезија и фотографии успева на најкреативен начин да направи самоанализа. Иако е познат по својот хумористичен пристап на социјалните медиуми, сепак во неговата книга опфаќа посложени теми како клиничка депресија, социјална анксиозност и самољубие.rnrn rnrn
rn
5. „АБВ на љубовта кон себе“ од Мелоди Годфред
rnЗнаеме дека не е лесно да научиме како да се сакаме себеси и да го практикуваме тоа во нашето секојдневие, но книгата на Мелоди Годфред преку интроспективни вежби, корисни совети и лични приказни, го поедноставува целиот процес.rnrn
rnrnОткако прочитавте кои 5 наслови можат да ви помогнат да го подобрите вашето ментално здравје, ви предлагаме да прочитате и кои 7 инспиративни книги ќе ви го променат светогледот.rnrnИзвор: myimperfectlife.com