КАФЕ ПАУЗА

4 книги за патувања што ќе ве телепортираат во некој друг свет

Written by

in

Ова лето не можете да патувате на другата страна на светот и да истражувате различни култури, да пробате нови вкусови и да запознаете личности со слични интереси од други земји, па време е книгите да ве телепортираат во некој друг свет. Овие 4 книги ќе ве маѓепсаат како да сте биле на другата страна на светот.rn

1. „Плажа“ (The Beach) – Алекс Гарланд

rn4 книги за патувања што ќе ве телепортираат во некој друг светrnrnСпоред оваа книга е снимен филм во кој глуми Леонардо Ди Каприо, но книгата е секогаш подобар избор од филмот. Ако планирате да патувате во Тајланд или сте фасцинирани од оваа азиска земја, треба да ја прочитате оваа книга затоа што ја опишува утописката социјална заедница лоцирана во оваа природна оаза. Откако ќе ја прoчитате книгата, ќе го ставите Тајланд на вашата листа на патувања.rn

2. „Околу светот во 50 години: Мојата авантура во секоја држава на Земјата“ (Around the World in 50 Years: My Adventure to Every Country on Earth) – Алберт Подел

rn4 книги за патувања што ќе ве телепортираат во некој друг светrnrnНе постои подобра книга од оваа што истовремено ќе ве мотивира да се стремите кон сè што сакате да постигнете во животот и што ќе ве поттикне да се движите низ животот без страв. Ова е книга за упорноста, за решителноста и за способноста, надополнета со хумор. Станува збор за човек кој постигнал две животни цели за кои другите му рекле дека биле недостижни. Прво, тој поставил рекорд во најдолгото патување со автомобил низ целиот свет. За вториот рекорд му биле потребни 47 години, но тој успеал да стане еден од ретките луѓе што ги посетиле сите држави во светот. Преживеал немири, револуции, граѓански војни, разбојници, корумпирани полицајци и многу други работи. Преживеал и напади од крокодили, анаконди, гигантски пијавици и сл.rn

3. „Шантарам“ (Shantaram) – Грегори Дејвид Робертс

rn4 книги за патувања што ќе ве телепортираат во некој друг светrnrnЗаљубете се во Индија и во сите нијанси на Мумбај преку оваа книга која ќе ви покаже како изгледа реалниот живот во сиромаштија. Во оваа книга се опишани дружбите со питачи и гангстери, проститутки и светци, како и „туристичкото“ разгледување на народните пазари.rn

4. „На пат“ (On the Road) – Џек Керуак

rn4 книги за патувања што ќе ве телепортираат во некој друг светrnrnОваа книга е стара околу 50 години, а Џек Керуак, кој тогаш бил алкохоличар, ја опишува американската периферија додека патува во вагони. Тој ја напишал книгата за неколку недели, но кога била објавена, станала хит и манифест на една генерација чие внимание било расцепкано и насочено кон потрагата по слобода.rnrnПрочитајте ги овие неверојатни книги за љубовта која го менува светот.