КАФЕ ПАУЗА

15 книги кои биле забранети од смешни причини

Written by

in

rn

6. Алиса во Земјата на Чудата – Луис Карол (Alice’s Adventure’s in Wonderland – Lewis Carol)

rn(6)15-knigi-koi-bile-zabraneti-od-najsmeshni-prichini-kafepauza.mkrnrnДетската класика на Луис Карол која раскажува за девојче кое се среќава со еден фантастичен свет била забранувана поради многу причини, и тоа секоја посмешна од претходната. САД ја забраниле во 1960-тите бидејќи печурките и наргилето во книгата ја рефлектирале културата на дрогата во таа ера. Подоцна, во 90-тите, била забранета во Њу Хемпшир бидејќи промовирала сексуални фантазии и мастурбација. Кинезите ја забраниле во 30-тите поради разговарањето со животните, а тие сметале дека било катастрофално животните и луѓето да се ставаат на исто ниво.rn

7. Фаренхајт 451 – Реј Бредбери (Fahrenheit 451 – Ray Bradbury)

rn(7)15-knigi-koi-bile-zabraneti-od-najsmeshni-prichini-kafepauza.mkrnrnОваа дистописка книга раскажува за општество каде што сите идеи се потиснати и сите книги се нелегални. Книгата била забранувана повеќе пати од нејзиното издавање во 1953 година. Родителите во Мисисипи се погрижиле книгата да биде тргната од листите за читање бидејќи го содржела зборот „Проклетство!“ Други ја имаат критикувано поради нејзината сомнителна тема.rn

8. Каде е Валдо? – Мартин Хендфорд (Where’s Waldo? – Martin Hanford)

rn(8)15-knigi-koi-bile-zabraneti-od-najsmeshni-prichini-kafepauza.mkrnrnШто е навредливо во оваа книга? Е па, некои тврдат дека навидум невините илустрации во кои читателите треба да го пронајдат главниот лик се несоодветни и содржат заводнички скриени детали.rn

9. Волшебникот од Оз – Л. Френк Баум (The Wonderful Wizard of Oz – L. Frank Baum)

rn(9)15-knigi-koi-bile-zabraneti-od-najsmeshni-prichini-kafepauza.mkrnrnОваа книга за деца е можеби едно од најпознатите литературни дела и е инспирација за многу мјузикли, филмови и безброј референции во уметничките дела. Како и да е, директорот на библиотеките во Детроит успеал да најде причина да ја тргне од полиците во 1957 година. Причината за ова било тоа што книгата немала никаква вредност за децата, промовирала негативност и детските умови ги симнувала на ниво на плашливост.rn

10. На запад ништо ново – Ерих Марија Ремарк (All Quiet on the Western Front – Erich Maria Remarque)

rn(10)15-knigi-koi-bile-zabraneti-od-najsmeshni-prichini-kafepauza.mkrnrnБазирана на личните искуства на авторот додека бил војник за време на Првата светска војна, оваа книга го опишува војничкиот живот како и тешкотиите со кои се сочуваат ветераните кога се враќаат во цивилизацијата. Оваа книга се смета за една од најважните кои се напишани за Првата светска војна, па дури е и инспирација за истоимен филм кој е добитник на Оскар. За жал, објавена е само неколку години пред нацистичката влада да стапи на сила во Германија, па наскоро била забранета, а во многу случаи и изгорена. Причината веројатно бил лошиот приказ на германската воена сила.rnrnПродолжува на следната страница…rn