КАФЕ ПАУЗА

15 книги кои биле забранети од смешни причини

Written by

in

Историјата на забранети книги може да се нарече и историја на важни книги. Многу организации, приватни и јавни, напаѓале влијателни книги и изгледа дека некоја книга треба да биде забранета за да почне да се смета за класика. За среќа, повеќето од овие забрани речиси немаат никаков ефект или траат премногу кратко. Погледнете некои од најсмешните причини за забранување на книги.rn

1. Игра во ’ржта – Џ. Д. Селинџер (The Catcher in the Rye – J. D. Salinger)

rn(1)15-knigi-koi-bile-zabraneti-od-najsmeshni-prichini-kafepauza.mkrnrnУште од нејзиниот успех веднаш по пуштањето во продажба во 1951 година, книгата на Селинџер била мета за цензурирање. Едно училиште во Оклахома отпуштило професор од работа бидејќи тој им рекол на студентите да ја прочитаат книгата. Потоа една организација во Охајо покренала петиција за да се забрани книгата во училиштата бидејќи била „анти-бела“. Книгата, во која има сцена каде што главниот лик најмува проститутка но само сака да разговара со неа, била забранета од една библиотека бидејќи содржела вулгарен јазик, сексуални сцени, морални проблеми, насилство и работи поврзани со оклултното.rn

2. 1984 – Џорџ Орвел (1984 – George Orwell)

rn(2)15-knigi-koi-bile-zabraneti-od-najsmeshni-prichini-kafepauza.mkrnrnОва ремек-дело за бруталното надзорно општество било гледано како напад на режимот на Сталин во СССР. Поради ова, книгата била забранета во Русија околу 40 години поради анти-комунистичките пораки. Од друга страна пак, книгата била забранета од родители во 1981 бидејќи била комунистичка. Изгледа никој не ја прочитал книгата пред да ја осуди.rn

3. Господарот на мувите – Вилијам Голдинг (Lord of the Flies – William Golding)

rn(3)15-knigi-koi-bile-zabraneti-od-najsmeshni-prichini-kafepauza.mkrnrnКласиката на Голдинг, која била голем неуспех кога била издадена во 1954 година, го добила својот статус на училишна книга во 1960-тите. Книгата раскажува за група деца од повисоката класа кои создаваат примитивно општество откако ќе завршат на напуштен остров. Оваа книга многупати била забранувана од секакви организации. На пример, во 1981 година, едно средно училиште од Северна Каролина ја критикувало книгата бидејќи покажувала дека човекот е многу малку различен од животните. Па, грешка е што „Господарот на мувите“ има моќна и провоцирачка тема. Книгата била забранувана и од училишта во Аризона, Тексас, Њујорк и Флорида.rn

4. Тука ли си Господе? Јас сум, Маргарет – Џуди Блум (Are You There God? It’s Me, Margaret – Judy Blume)

rn(4)15-knigi-koi-bile-zabraneti-od-najsmeshni-prichini-kafepauza.mkrnrnПриказната за маките на едно младо девојче е една од најважните книги за „растење“, но дискусијата за будењето на сексуалноста и женственоста ја разбранувала јавноста во 1970-тите. Родители, училишта и организации протестирале против книгата на Блум поради сексуалната содржина и анти-христијанското однесување, како и поради нејзината „навредлива и неморална“ содржина. Ова се чудни критики за книга која само им помага на децата да ги разберат промените кои се случуваат во нивните тинејџерски години.rn

5. Дневникот на една млада девојка – Ана Франк (The Diary of a Young Girl – Anne Frank)

rn(5)15-knigi-koi-bile-zabraneti-od-najsmeshni-prichini-kafepauza.mkrnrnДа, и книгата за Еврејското девојче кое се криело е една од најзабрануваните книги во 20-тиот книги. Критичари од разни нации кажуваат дека Ана Франк воопшто не постоела и дека книгата била напишана од возрасен човек со помош на таткото на Ана, Ото Франк, како некој вид еврејска пропаганда. Во САД била забранета поради „сексуално навредливите“ делови и бидејќи била депресивна за младите читачи, бидејќи според експертите, треба да се фокусираме на весели книги кои ќе нѐ научат за Холокаустот.rnrnПродолжува на следната страница…rn