rn
6. Водич за психоделичниот истражувач (The Psychedelic Explorer’s Guide)
rn
rnrnОвој водич е напишан од Џејмс Фадиман, најпочитуваниот американски авторитет за психоделични супстанци и нивната употреба. Тој објаснува дека овие супстанци имаат многу позитивни својства, вклучувајќи духовни и терапевтски и дека воопшто не создаваат зависност. Според оваа книга, и многу други, психоделичните супстанци не се толку лоши колку што нè тераат да веруваме.rn
7. Патување надвор од телото (Journey Out Of the Body)
rn
rnrnОваа луцидна рационална книга за астрално проектирање е најдобра од овој вид, и нема никаква врска со движењето од новата ера. Роберт Монро е бизнисмен со никаква религиска позадина кој наеднаш почнал да „излегува“ од своето тело. Тој посетил и лекар и психијатар кои му кажале дека кај него нема никаков проблем.rnrnЗатоа тој решил да ги документира своите искуства на научен начин, што резултирало со издавањето на оваа книга. Книгата е полна со неверојатни работи кои Роберт ги открил на своите патувања. Ако верувате во неговите тврдења, постои цело нефизичко царство кое нам не ни е познато.rn
8. Кибалион (The Kybalion)
rn
rnrnИздадена во 1908 година, оваа книга е дело на „Тројцата иницијатори“ како резултат на 7-те древни херметички принципи. Принципите се големи тајни кои биле пренесувани усно, почнувајќи со Хермес Трисмегистус, кој наводно го добил знаењето од египетските богови. Тројцата иницијатори го опишуваат знаењето и принципите земајќи ги во предвид менталитетот и искуствата на човекот, и објаснуваат како да влијаете на искуствата и умот и да ги менувате според ваша волја.rn
9. Смарагдни плочи (The Emerald Tablets)
rn
rnrnСо потекло од древен Египет, Смарагдните плочи би требало да се создадени од Тот, што се смета дека е уште едно име на Хермес Трисмегистус. Плочите нè учат на големи мудрости обвиени со метафора. Во ова дело не е важно буквалното значење на зборовите, туку нивната резонанса со душата. Ова дело исто така објаснува дека Големата пирамида во Гиза била направена од Тот кој користел метафизички техники.rn
10. Автобиографијата на еден Јоги (Autobiography Of a Yogi)
rn
rnrnОва е приказната за животот на Параманаша Јогананда, роден во Индија, и е неверојатна. Неговата свесност и искуство со духовното на многу мала возраст е за чудење. Параманаша сведочел многу чуда и со помош на неговиот господар успеал да допре до сеќавањата од неговиот минат живот.rnrnОвде, тој ја открил причината за неговата духовност. Како и секоја книга што застранува од обичните искуства, и оваа автобиографија добила своја порција критики. Сосем е разбирливо тоа што луѓето од западот не веруваат во реинкарнација и чуда. Сепак, ако овој Јоги ја пишувал вистината, реинкарнацијата и метафизичкото царство се сепак повеќе од луди идеи.rnrnПогледнете ги и препораките за книги од Хемингвеј.
