КАФЕ ПАУЗА

Вкусни додатоци за вашето кафе

Вкусни додатоци за вашето кафе

За љубителите на кафето, овој пијалак е како еликсир на животот, наутро нè буди, нè одржува во текот на денот, а некои немаат проблем ниту да го пијат пред спиење. Обожавателите на овој вкус си имаат различни желби за начинот на приготвувањето, но ако сакате да експериментирате и да си го направите пиењето кафе уште повкусно задоволство, ви предлагаме 7 додатоци, кои би било згодно да ги имате на дофат во кујната. Секако, ако повеќе сакате да работите според однапред дефинирани работи, имаме многу рецепти, кои претставуваат скоро неисцрпен извор на различни кафе-задоволства.Вкусни додатоци за вашето кафе

rnrn

1. Крем со различни вкусови

rn

Ваквите производи може да му дадат различен шмек на вашето кафе, секогаш кога ќе ги употребите. Изберете каков вкус сакате, но ние ви предлагаме чоколадо и ванила.Вкусни додатоци за вашето кафе

rnrn

2. Сирупи

rn

Ваквите сирупи ги има во стандардна варијанта и без шеќер, а вкусовите варираат од чоколадо и лешник до овошни, како на пример боровница. Сирупите можете да ги користите и за да експериментирате со други коктели, па поради тоа нивното место на кујнските полици е уште пооправдано.

rnrn

3. Топло чоколадо

rnВи текнало некогаш да измешате со кафе? Па што би можело да не биде убаво во ваквиот микс!?Вкусни додатоци за вашето кафеrn

4. Нане и чоколадо

rn

Ви се допадна претходниот микс? Пробајте и нешто уште поинтересно. Додадете малку сируп од нане, кој ќе му даде супер ментол вкус на вашето кафе. Ако сте смели, декорирајте го кафето со лижавче-бастун со вкус на ментол.Вкусни додатоци за вашето кафе

rnrn

5. Цимет

rnПропрскајте малку цимет на штотуку ствареното кафе или користете стапчиња од цимет наместо лажичка.Вкусни додатоци за вашето кафеrn

6. Ликер од Ирски крем

rn

Ова е додаток за возрасни. Ставете малку во кафето и ќе добиете одличен вкус, но имајте предвид дека ваквиот микс е повеќе пожелен за студените зимски денови.Вкусни додатоци за вашето кафе

rnrn

7. Ликер со вкус на портокал

rn

Овој додаток му дава силен вкус на кафето, кое може да биде и мешавина со какао или топло чоколадо. Веројатно нема да му се допадне на секој, но многумина ќе уживаат во ваквиот вкус одвреме навреме.Вкусни додатоци за вашето кафеСо волку многу додатоци, никогаш не може да ви здодее вкусот на кафето.

rnШто користите вие? Би додале ли нешто плус?rnrn—————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.