Вкусна комбинација од кафе и топло чоколадо за љубителите на француската кујна

Сподели

Густо париско топло чоколадо и храбро црно кафе – совршен пијалак за секое време
Потребни состојки:

rn

    rn011

    Реклама
  • 240 милилитри свежо подготвено црно кафе
  • rn011

  • 375 милилитри млеко
  • rn011

  • 120 милилитри слатка павлака
  • rn011

  • 1 лажица шеќер во прав
  • rn011

  • 220 грама темно чоколадо, исечкано на парчиња
  • rn

rn

Начин на подготовка:

rnСтавете ги млекото, слатката павлака и шеќерот во сад со средна големина, измешајте и загрејте ги на среден оган. Кога ќе почнат да се појавуваат балончиња од страните, веднаш тргнете го садот. Не дозволувајте смесата да зоврие!

Додајте го исечканото чоколадо и оставете да отстои околу 2 минути, а потоа мешајте додека не добиете хомогена смеса. Оставете да отстои уште 5 минути.

Распоредте го претходно подготвеното кафе во 4 шолји, па одозгора дополнете со чоколадната смеса. За крај, слободно декорирајте со шлаг пена и чоколадни трошки.

Совет: Доколку исечканото чоколадо не се топи, вратете го садот на тивок оган и мешајте сè додека не се растопи.

Ако ви се допадна овој рецепт, пробајте го и ова Барселонско топло чоколадо!

Најново

Може ќе ве интересира