Автор: Софија СионоваrnrnДенеска е многу лесно да се научи да се плива. Постојат гуми, мускули и разни други помагала, но порано луѓето немале толку многу можности, па морале да бидат малку покреативни. Она што нам денес ни е смешно, порано било нормално. Погледнете ги фотографиите и потсетете се на деновите кога и вие учевте да пливате.rnrn1. Во 1906 година омилениот метод за учење на децата како да пливаат многу наликувал на риболовот. На сликата се прикажани деца на реката Темза кои лебдат на водата така што се заврзани со јажиња околу појасот.rnrn
rnrn2. Години подоцна, во 1923-та најдобар метод било прво да се научи на копно, а тек потоа да ѝ се пристапи на водата.rnrn
rnrn3. Децата од Брајтон прво се загреваат, па потоа учат да пливаат. Фотографијата е од 20 август 1934.rnrn
rnrn4. Овој ученик одлично демонстрира како правилно се нурка во техничкото училиште „Фалкирк“ на 1 ноември 1935.rnrn
rnrn5. Членови од Пионерскиот здравствен центар во Пекам, јужен Лондон учат да пливаат на 19 ноември 1935.rnrn
rnrn6. Освен децата на училиште, и возрасните сакале да научат правилно да се движат во водата. Ова е тренинг на војската во Алдершот, југозападен Лондон на 26 март 1936.rnrn
rnrn7. Како учениците од Вудтропското училиште го прославуваат нивниот нов базен во февруари, 1938? Па со час по пливање, секако!rnrn
rnrn8. Една од најважните техники при пливањето е да се знае правилно да се лебди над водата. Оваа жена научила во 1955.rnrn
rnrn9. Подеднакво важно е и нуркањето, а овој новопечен пливач прв пат учи за време на неговиот час во 1955.rnrn
rnrn10. На оваа фотографија, малата Сесилија Новел изгледа како да се забавува во водата, па секако кога има одличен инструктор – нејзината мајка! Фотографијата е од цирка 1955.rnrn
rnrn11. Девојките се одбиваат од ѕидот и претаат со нозете за време на час по пливање, 19 јуни 1962.rnrn
rnrn12. Ученичките во англиското училиште „Вирго Фиделис“ имаат час по пливање во рекреациониот центар „Кристална палата“ на 2 октомври 1967. Нивните имиња се напишани на капите за да се идентификуваат во водата.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.