КАФЕ ПАУЗА

Не е баш толку здраво: Зошто (сепак) мора да внимаваме кога јадеме црно чоколадо?

Не е баш толку здраво: Зошто (сепак) мора да внимаваме кога јадеме црно чоколадо?

Written by

in

Иако црно чоколадо често се смета за поздраво од млечното, експертите велат дека разликата помеѓу двата вида е многу мала.rnrnНе е баш толку здраво: Зошто (сепак) мора да внимаваме кога јадеме црно чоколадо?rnrnОсновната причина за добрата репутација на црното чоколадо е тоа што содржи повеќе полифеноли од млечното чоколадо. Овие соединенија се секундарни метаболити во растенијата и имаат антиинфламаторно дејство врз телото.rnrnНо, не мора да јадеме црно чоколадо за да ги внесеме овие состојки, според експертите. Преку урамнотежената исхрана и јадењето овошје и зеленчук ќе внесеме и доволно полифеноли.rnrnИ црното и млечното чоколадо се полни со калории. Во црното чоколадо тие се малку помалку и тоа содржи и помала количина шеќер, но често има повеќе маснотии во составот.rnrnШто се однесува до нашето здравје, навистина нема некоја голема разлика помеѓу црното и млечното чоколадо. Експертите уверуваат дека повремената и умерена консумација на чоколадо е добра и може да ни наштети само ако изедеме премногу голема количина или ако премногу често имаме навика да го јадеме.rnrnТие препорачуваат да го консумираме чоколадото во помали парчиња и да дозволиме тоа да ни се топи во устата.rnrnМожеби сакате да прочитате и дали кафето и чоколадото ја зголемуваат интелигенцијата? Што откриваат новите истражувања?