КАФЕ ПАУЗА

Топол сок од јаболка во крушка

Топол сок од јаболка во крушка

Надвор е ладно, а вие уште смислувате начин како да се стоплите? Еве што ви недостасува таму до вас меѓу ќебињата, перниците и далечинскиот управувач – топол сок од јаболка и тоа во мека и сочна крушка. Па има ли нешто подобро?rnrnТопол сок од јаболка во крушкаrn

Еве што ви треба за 4 пијалаци:

rn

    rn011

  • 4 зимски бледо-жолтеникави цврсти крушки
  • rn011

  • 2 стапчиња цимет
  • rn011

  • 4 парчиња ѕвездест анасон
  • rn011

  • 200 мл текила
  • rn011

  • 150 мл свежо приготвен сок од јаболка
  • rn

rnТопол сок од јаболка во крушкаrn

Начин на подготовка:

rnПрво, издлабете ги крушките како што е покажано на сликата. Месото од крушките ставете го во блендер и измиксајте го. Во мало тенџерче ставете ги сокот од јаболка и пирето од круши. На средно-ниска температура мешајте додека да се загрее смесата и да се разреди. Откако смесата ќе биде течна, ставете ги анасонот и стапчињата цимет. Исклучете ја ринглата и мешајте пет-шест минути. Потоа, извадете ги зачините и ставете ја текилата. Сокот претурете го во претходно издлабените крушки. Вистинско зимско уживање.rnrnТопол сок од јаболка во крушкаrnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.