„Нано“ – кафе-масички со ЛЕД технологија

Сподели

Кафе-масичките „Нано“ претставуваат сет составен од два елементи со различна висина. Дизајнирани се од Менегело Паолел за потребите на компанијата „Emoh“, а истите му ја донесоа наградата „Red Dot“ за дизајн на продукт за 2010 година.rnДвете масички имаат тркалезна површина која лежи на столбови во форма на пресечен конус. Површината на масата е лакирана со метакрилат, а од страните се поставени ленти со ЛЕД технологија, благодарение на кои рабовите светат, на овој начин создавајќи интимна атмосфера.rn„Нано“-масичките имаат едноставен, но елегантен дизајн. Тие се состојат од конусна основа, кој се шири надолу, правејќи ја масичката постабилна. Достапни се со и без ЛЕД технологијата, а нивните висини изнесуваат 50 и 35 сантиметри. Сетовите се достапни во неколку варијации и во неколку бои со црна и бела основа.rn

Најново

Може ќе ве интересира