Понекогаш се случува да кажеме работи што не ги мислиме. На овој начин можеме да повредиме некоја сакана личност или да ја направиме гневна. Кога сте во таква ситуација сигурно сакате да го решите проблемот што е можно побрзо. За полесно да излезете на крај, погледнете како да се справите со секој од хороскопските знаци кога се многу гневни.rnrn
rn
Овен
rnДајте му време да се смири. Ако се обидете да разговарате со Овенот додека е гневен, само ќе ја влошите ситуацијата. Поради тоа дајте му простор, оставете го да се „излади“ и дури потоа разговарајте.rn
Бик
rnПрестанете да претворате сè во расправија бидејќи Биковите нема да престанат додека не го имаат последниот збор. Дури и ако знаете дека сте во право, попуштете, извинете се и продолжете понатаму.rn
Близнаци
rnНавистина ви e потребна помош ако сте разгневиле некој Близнак. Извинете се и обидете се да направите нешто добро за него. Ќе биде потребно многу за да ги смирите овие луѓе.rn
Рак
rnНемојте да го изнесувате вашиот став навредувајќи го Ракот. Со ова само ќе го повредите уште толку. Извинете се и кажете му колку го сакате. Бидејќи Раковите се емотивни личности, тешко им е да бидат гневни долго време.rn
Лав
rnНемојте да покажувате супериорност пред Лавовите. Ислушајте ги, дозволете им да зборуваат и обидете се да најдете заедничко решение притоа однесувајќи се добро. Вие треба да го смирите нивниот гнев.rn
Девица
rnКога ќе се извинувате, бидете искрени. Воглавно Девиците имаат многу разбирање.rn
Вага
rnСо среќа. Ретко кој се справил со гневна Вага.rn
Скорпија
rnИскрено извинете се, научете од вашата грешка и немојте никогаш повеќе да ја повторите. Скорпиите не забораваат и нема да дозволат два пати да ги изгорите со исто нешто.rn
Стрелец
rnКупете му нешто што го сака во знак на примирје и секогаш бидете искрени. Стрелците можат да ги прочитаат вашите лаги.rn
Јарец
rnНајважно е да му оставите време на Јарецот да се смири пред да разговарате. Кога ќе се врати во нормална состојба, мирно разговарајте за проблемот.rn
Водолија
rnВодолиите не можат долго да бидат гневни. Извинете им се искрено, а ако сè уште се разочарани, оставете ги насамо.rn
Риби
rnАко некако сте успеале да разгневите Риба, извинете ѝ се, прегрнете ја и бидете нежни со нејзиното меко срце.rnrnДознајте и кои се хороскопските знаци со најстудено срце.
