7 нешта кои треба да ѝ ги кажувате наместо „Те сакам“

Сподели

И покрај тоа што овие два збора се клучни за врската и се едни од ретките кои имаат можност да го натераат вашето срце да прескокне едно отчукување, сепак постојат и други фрази кои можат позитивно да влијаат на вашата врска. Па, доколку сакате долго време да ја задржите покрај себе, тогаш не заборавајте да ѝ ги кажувате овие нешта повеќе отколку што ѝ кажувате „Те сакам“…

Реклама

rn

1. „Можеш да го направиш тоа.“

rnМожеби една од најважните улоги на партнерот е онаа на навивач. Без разлика за што станува збор, тој треба во секое време да биде подготвен да ја подржува и да ја бодри да продолжи понатаму. Таа не би била толку успешна колку што е, доколку тој не ја мотивира да цели повисоко.rn

2. „Се гордеам со тебе.“

rnСекој пат кога таа ќе заврши некоја работа, без разлика колку мала и незначителна делува, најдоброто нешто што тој може да го каже е дека се гордее со неа. Доколку таа знае дека има моќ да го импресионира него, ќе знае дека може истото да го направи и со останатиот свет.rn

3. „Прекрасна си.“

rnНе постои подобро чувство кое една девојка може да го искуси од ненадејниот комплимент, дури и покрај тоа што таа верува дека токму во тој момент изгледа лошо. Доколку тој искрено ѝ каже дека е убава, таа ќе го почувствува тоа и на тој начин нејзината самодоверба ќе се зголеми, правејќи ја уште поубава од претходно.rn

4. „Те ценам.“

rnНие го фрламе ѓубрето кога кантата е полна. Ги средуваме чорапите во парови, бидејќи не можеме да замислиме да губиме време барајќи ги растурени. Тоа се само обични нешта кои сите ние секојдневно ги правиме. Но, мажот има способност да ги промени сите овие незначајни и монотони работи во нешто повеќе со самото признавање на нејзините акти како акти на љубов.rn

5. „Дозволи ми да те одведам на состанок.“

rnРутината е убиец на страста. Токму затоа кога тој ќе реши да излезе од неа и да ѝ приреди нешто необично, дури и ако станува збор за едноставна домашно подготвена вечера покрај свеќи и вино, тој со тоа ѝ кажува на својата девојка дека сака да го одржува жарот разгорен помеѓу нив.rn

6. „Те поддржувам.“

rnДоколку тој го чува нејзиниот грб, таа ќе биде незапирлива. Таа едноставно знае дека не постои нешто што не би можела да го изведе покрај неговата неизмерна поддршка.rn

7. „Извини.“

rnОва „извини“ не се однесува на сите оние мали караници во кои е нафрлено само со цел разговорот да престане. Во овој случај се однесува на „извини“ кои во себе го носи значењето: „Разбирам што сакаш да ми кажеш и се чувствувам лошо затоа што дозволив да дојде до оваа ситуација, но од сега па натаму ќе се погрижам тоа никогаш да не се повтори.“ Кога е кажано на овој начин, зарем постои нешто исполнето со повеќе од љубов?

Популарно

Може ќе ве интересира