rn
Не се обидувајте да изгледате повозрасни одошто навистина сте
rnОва особено важи за девојчињата, бидејќи тие најчесто со нетрпение чекаат да пораснат, да почнат да се шминкаат и да носат високи потпетици. Според Алек, оваа грешка е недопустлива!rn
„Единствено што ми смета кај младите девојки е облекувањето и шминката со кои сакаат да изгледаат повозрасни одошто се. Девојче на 15 години со нокти и фризура како турбо фолк пејачка е невидена утка. Младите треба да уживаат во своите години и тинејџерски изглед“, открива Алек.
rnНе заборавајте дека има време за сѐ. Секогаш треба да се однесувате и облекувате во согласност со вашите години, бидејќи во спротивно ризикувате да оставите навистина лош впечаток.rn
Внимавајте кој број се парчињата облека што ги купувате
rnДали ви се случило да купите некое парче облека што не ви стоело баш најдобро, само затоа што многу ви се допаѓало? Бидете искрени: Колку пати сте го облекле тоа парче? Никогаш нема да згрешите, доколку следите едно едноставно правило: Ако го нема вашиот број, не ја купувајте облеката!rn
„Младите грешат кога ќе изберат број што е 2 пати поголем или помал од бројот што го носат“, вели Алек.
rnДоколку сакате секогаш да изгледате одлично, мора да одбирате облека што ви е точна и што ви стои добро. Немојте да се лажете дека ќе ослабете или дека ќе ги стесните фармерките. Само внимавајте на бројот на парчињата облека и ќе заштедите многу време и пари.
rn
Немојте да мешате стилови
rnАко сте се решиле за елегантна комбинација, држете се до вашиот избор. Немојте да мешате баби и жаби.rn
„Девојките многу често мешаат стилови. Забораваат дека ако носат тренерки, тогаш треба да бидат целосно спортски облечени, зашто ако облечат штикли и стават шминка, ќе добиеме верзија на Ким Кардашијан нарачана од Али Експрес“, шеговито објаснува Алек.
rnНе би сакале да бидете Ким Кардашијан – Али Експрес, се согласувате?rn
Ако не можете да си дозволите марка, не купувајте евтини копии
rnОваа грешка се однесува најмногу на момците. Важно е да се запомни дека квалитетот е поважен од брендот.rn
„Момци, ако не можете да си купите брендирано парче облека, не купувајте лажни копии од типот ’Адибас’. Можете да си најдете солидна облека што не е брендирана“, советува Алек.
rnНема потреба да ја докажувате сопствената вредност преку облеката што ја носите. Докажете дека имате добар моден вкус со тоа што ќе одберете квалитетни парчиња кои ви прилегаат и нема да ви ги испразнат џебовите.
rn
Обрнете внимание на држењето на телото
rnСета облека на светот ќе ви биде залудна, ако немате правилно држење на телото.rn
„Многу од младите не внимаваат на држењето на телото, поради што тоа станува искривено и благо деформирано. Момците и девојките мора да научат да одат исправени, бидејќи со тоа ќе ѝ пратат порака на околината дека се здрави, млади и дека се грижат за своето тело“, заклучува Алек.
rnСекогаш бидете исправени и држете ја главата високо крената. Наполнете се со самодоверба и дозволете ѝ да зрачи од вас каде и да одите.rn
Кои македонски јавни личности имаат одличен стил на облекување?
rnЗа крај, Алек ни откри кои јавни личности во Македонија го фасцинираат со нивниот стил на облекување. Тој ги издвои ко-сопственичката на Моделс Ин, Надица Ѓеоргиева, пејачката Каролина Гочева, топ моделот Елена Реи, актерот Никола Ристановски, прима балерината Сандра Мијалкова, аналитичарот Алберт Муслиу и министерот за надворешни работи, Никола Димитров.
Модните совети на Алек Наумовски несомнено ќе ви помогнат да го пронајдете вашиот идеален стил на облекување и да изгледате одлично во секоја можна пригода. Внимавајте на грешките што тој ги посочи и блеснете во вашето најдобро модно издание.
Забелешка: Фотографиите од Алек се дело на фотографите Ани и Дими, Константин Влахо и Владимир Георгиев.

