Додека експертите од сите страни апелираат да останете дома, прочитајте како се однесува секој хороскопски знак додека е во изолација.rnrn
rn
1. Овен
rnОвенот ќе купи сè за себе, но не премногу, туку само колку да не се грижи дали има доволно. Најважно е да биде безбеден и да не мора да излегува надвор за сè што му недостасува. Затоа, тој прави посебен список за себе, иако живее со семејството.rnrnСепак, тој треба навистина да размисли колку работи му се потребни затоа што може да се случи да потроши сè што има прилично брзо. Но, ако некој е подготвен во оваа ситуација, тоа е дефинитивно Овенот. Ако го замолите да ви покаже што подготвил за карантинот, тој едвај чека да видите како се подготвил.rn
2. Бик
rnБикот не планира да ја напушти својата куќа непотребно, но тој може да остане во изолација само ако има храна.rnrnПрипадниците на овој хороскопски знак понекогаш избираат да одморат и да не се гледаат со другите луѓе затоа што тоа им е исцрпувачко. Ним им е доволно да имаат храна за еден месец, само да не бидат гладни.rnrnЗа време на изолацијата, овие личности може повторно да гледаат некоја серија од првата сезона, а тоа ќе ги направи многу среќни.rn
3. Близнаци
rnПостојат два вида Близнаци. Едните ги уредуваат книгите и весниците на различни начини: она што треба да се прочита, она што е прочитано, според боите и големината.rnrnДругите без престан разговараат по телефон со сите затоа што изолацијата мора да помине некако, а вака ќе помине најбрзо. Овие личности им се јавуваат на сите пријатели и роднини со кои не се слушнале долго време затоа што мислат дека сега е време за тоа.rn
4. Рак
rnВо домот на Ракот може да настане паника само ако нешто недостасува. Но, тоа нема да се случи затоа што тој е подготвен за секоја ситуација.rnrnТој ќе ги покани сите роднини во својот дом за да не му биде здодевно.rnrnСветот на Ракот сега е во кујната и во креветот и тој сака да ужива во сето она што го обезбедил. Удобноста на домот е негов приоритет во секоја ситуација и тој ќе ви ги даде најдобрите совети што да правите дома кога веќе немате идеи.rn
5. Лав
rnЛавот сака да се изолира иако тоа му е тешко, но тој навистина се грижи за себе затоа што најмногу се сака себеси. Секако, секогаш ќе има некој што ќе дојде во неговиот дом мислејќи дека е време за забава, а не за карантин.rnrnНа Лавот не му е лесно, но тој мора да се откаже од вниманието на другите луѓе. Меѓутоа, сигурно ќе објавува на социјалните мрежи сè што му се случува во текот на денот.rn
6. Девица
rnДевицата сигурно набавила асепсол, алкохол и маски. Таа не го набавила сето тоа сега, туку пред неколку месеци.rnrnДевицата е подготвена на сè, на секоја ситуација за која никој не е подготвен. Исто така, таа знае каде да најдете сè што ви недостасува.rn
7. Вага
rnНа Вагата и е важно да не е сама бидејќи таа не може да издржи да биде изолирана. Но, ако веќе мора да биде во изолација, таа многу лесно ќе најде што да прави.rnrnАко има партнер, тогаш тој ќе стори сè што може за неа затоа што таа веќе направила список. Сепак, Вагата не отстапува од своите правила, од грижата, од шминката и од дотерувањето, дури и кога никој не ја гледа.rn
8. Скорпија
rnСкорпијата е подготвена за сè, но психички. На припадниците на овој хороскопски знак не им треба ништо, бидејќи каде и да ги оставите, тие ќе се снајдат. Тие лесно ја прифаќаат изолацијата и се подготвени на тоа, а кога треба да дојдат непосакувани гости, овие личности нема да одговорат на повиците или нема да ја отворат вратата.rnrnСкорпијата знае што може да се случи во светот и знае дека е подобро да остане во својот дом. Тоа е причината зошто таа лесно ја поднесува изолацијата, а за тоа време ќе може да ја среди куќата како што замислувала без некој да ѝ пречи.rn
9. Стрелец
rnСтрелецот многу лесно го испланирал својот процес на изолација. Што се однесува до него, ова е заслужен одмор на кој ќе работи за подоцна да може да патува. Тој ќе ги испланира сите патувања.rnrnСтрелецот лесно ја поднесува изолацијата само ако има работи што ќе го забавуваат: Интернет, книги, домашен велосипед – тоа му е доволно за да ужива, без разлика дали е сам или со некој друг.rnrnПокрај него, никому не му е тешко затоа што тој ги расположува сите, па ако сте во изолација со него, времето ќе ви помине многу брзо.rn
10. Јарец
rnЈарецот сфаќа сè сериозно, дури и изолацијата. Тој ќе направи план за работа, како ништо да не се случува и ништо не смее да отстапува од распоредот.rnrnАко работи, Јарецот ќе ја поднесе изолацијата многу полесно затоа што така нема да му биде здодевно. Ако не работи, тогаш ќе среди некои работи во куќата што ги одложува со години, затоа што кога ќе го направи тоа ако не сега.rn
11. Водолија
rnВодолијата сака да биде сама, но во исто време сака и да се дружи ако има време. Бидејќи сега ќе има многу време, ќе ѝ недостасуваат пријателите, но таа може да организира кафе со некого преку Интернет.rnrnТаа сега ќе разработи некои идеи што ги има за работата и подоцна ќе ги спроведе на дело.rnrnСепак, повеќето Водолии работат од дома или можат да работат преку Интернет, така што нема да имаат многу промени како останатите. Овие личности не сакаат забрани, но откако ќе ги прифатат, времето ќе помине побрзо.rn
12. Риби
rnРибите сакаат да се дружат, но не постојано, туку само кога ним им одговара. Тие ќе се погрижат сите да имаат храна и лекови, па ако може да помогнат, ќе бидат дел од волонтерските тимови.rnrnРибите нема да покажуваат загриженост затоа што знаат дека тоа нема никому да му помогне. Тие лесно ќе ја поминат изолацијата ако пронајдат добри серии, филмови, ако слушаат музика или ако цртаат.rnrnПрочитајте како се однесуваат хороскопските знаци и кој паничи, а кој не се грижи кога ќе почувствува некакви симптоми.