Вкусен коктел одличен за загревање пред бурна ноќ 🙂
Сигурно ви се случило да се спремате за некоја добра журка или средба со пријателите, а да сте толку исцрпени што не знаете како ќе издржите цела ноќ. Иако напорните денови ни ја одземаат скоро цела енергија не смееме да дозволиме забавата да помине без нас. Токму затоа ви го препорачуваме овој одличен коктел кој не само што е вкусен туку и ќе ви ги разбуди сите сетила и ќе ве подготви за нови незаборавни моменти.rnrnПотребни состојки:rn
- rn011
- 40 мл текила
- 15 мл ликер од кафе
- 1 шолја кафе
- 2 супени лажици агаве нектар
- 1/2 шолја шлаг пена
- 1 кафена лажица екстракт од ванила
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rnНачин на подготовка: Во еден сад се ставаат шлаг пената, екстрактот од ванила и агаве нектарот и се матат добро додека не се згусне целата смеса. Настрана се мешаат кафето, ликерот од кафе и текилата и над нив се додава првата смеса. Се декорира со рендано морско оревче. Уживајте!rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
