КАФЕ ПАУЗА

Кои биле оригиналните наслови на најпознатите класици?

Кои биле оригиналните наслови на најпознатите класици?

Written by

in

rn

„Одвеано со виорот“ – Маргарет Мичел (Gone With the Wind)

rnКои биле оригиналните наслови на најпознатите класици?rnrnМаргарет Мичел прво сакала да ја употреби последната реченица од нејзиниот најпознат роман како наслов, „Утре е нов ден“ (Tomorrow Is Another Day). Да бидеме искрени, воопшто не е важно каков е насловот, бидејќи овој класик е задолжително четиво за сите луѓе!rn

„Врева и бес“ – Вилијам Фокнер (The Sound and the Fury)

rnКои биле оригиналните наслови на најпознатите класици?rnrnПодгответе се за огромно изненадување! Нобеловецот Вилијам Фокнер сакал да го наслови неговото најпознато дело со „Самрак“ (Twilight). Што би се случило тогаш со Бела и Едвард? Никогаш нема да дознаеме…rn

„Глувци и луѓе“ – Џон Стајнбек (Of Mice and Men)

rnКои биле оригиналните наслови на најпознатите класици?rnrnОвој роман најпрво требало да се вика „Нешто што се случило“ (Something That Happened), но Џон Стајнбек решил да го преземе стихот од поемата на Роберт Бернс „За еден глушец“ и така настанал денешниот наслов на познатиот класик.rn

„Дракула“ – Брем Стокер (Dracula)

rnКои биле оригиналните наслови на најпознатите класици?rnrnКратко и јасно, насловот на готскиот роман од Брем Стокер зборува сам за себе. Но, оригиналниот наслов гласел „Мртвиот жив“ (The Dead Un-Dead), што иако звучи пострашно, малку е збунувачко.rn

„Рамнодушниот Атлас“ – Ејн Ренд (Atlas Shrugged)

rnКои биле оригиналните наслови на најпознатите класици?rnrnНа Ејн Ренд ѝ требале 12 години за да ја напише нејзината најпозната книга, но таа се премислила околу насловот, кој една година пред да биде објавен романот гласел „Нападот“ (The Strike). Ренд сметала тоа открива премногу од заплетот и на крајот го прифатила предлогот на нејзиниот сопруг и го одбрала насловот „Рамнодушниот Атлас“.rnrnДоколку сте љубители на читањето, погледнете ги овие 13 класици што можете да ги прочитате за 1 ден.