rn
3. Filch
rn„Дезориентиран, но свесен, одбивен, но секси. Filch ќе ве води низ секојдневната машинерија наречена живот. Нема потреба од зборови, нема потреба од нерационално надразнети сетила. Без разлика дали ви се допаѓа тоа или не, сите ние сме Filch“, вака бендот го опишува главниот лик од песните што ги создава. Неговите инструментални приказни ги отсликуваат неговите внатрешни впечатоци за хаотичниот свет во кој живееме. Да не должиме повеќе, тргнете на едно незаборавно меланхолично патување заедно со овој македонски бенд…rnrn
rnrnИме на бендот: FilchrnrnЧленови: Дарко Стојоски на гитара, Златко Андријевски на гитара, Теодор Бошков на бас гитара, Бранко Сапламаев на клавијатури и Гишо Динев на тапани и други удирачки инструментиrnrnЖанр: Жанровски се неопределени, но во нивните песни преовладуваат звуци од повеќе музички жанрови, како што се етно, џез, фјужн, грув, фанкrnrnИме на албум: „Filch“rn
„Одлучивме првиот албум да биде со исто име како името на бендот и истовремено измислениот лик чија приказна ја раскажуваме. Тоа му доаѓа како кога се запознавате со некого за прв пат, пружате рака и си го кажувате името“, изјави Дарко.
rnОмилена авторска песна: „Southern Jam“ и сите останатиrnrnПесна што посакуваат да беше нивна: „Master of Puppets“ од Metallica, „Подарок“ од Марјан СтојановскиrnrnОмилен македонски бенд/ музички изведувач: The Black & Vice Social Club, Fierce, Филип Динев, Мухамед Ибрахими, Foolish GreenrnrnМалку филозофирање на тема: Музичарите кои „крадат“ елементи од туѓи делаrn
„Сите работиме со ’базата на податоци’ која ни е во глава и сите ’крадеме’ елементи од туѓи дела. Ние не би го нарекле крадење, туку референцирање. Се разбира, тоа значи да земеш одреден краток мал елемент и да го примениш или редефинираш во друга смисла. Нешто како да земеш збор или два и да ги ставиш во друга реченица. Токму од оваа причина е избрано името Filch за бендот и измислениот лик чија приказна ја раскажуваме.’To filch’ значи да украдеш нешто од мала вредност“, ни објасни Дарко.
rnhttps://www.youtube.com/watch?v=GHa0WUZqZtUrn
4. Armadillo
rnArmadillo е бенд кој постои од 2014 година, а го сочинуваат веќе докажани имиња со богато музичко искуство зад себе. Неодамна го издадоа својот прв албум кој се издвојува по оригиналните и бунтовнички рок звуци. Исто како и животното оклопник (armadillo), тие се своеглави и автентични, со желба да остават белег зад себе по кој ќе бидат препознатливи во иднина, затоа што како што вели главниот вокал Саше Љолес, „и ние припаѓаме на еден наш микро свет во кој секојдневно гравитираме и кога излегуваме од него, барем на кратко, доаѓаме до судир со медиокритетот и шундот од кој се трудиме што повеќе да бегаме“. Во продолжение, прочитајте нешто повеќе за овој бенд…rnrn
rnrnИме на бендот: ArmadillornrnЧленови: Саше Љолес како главен вокал, Иван Сариевски на бас гитара, Борис Минов на гитара и Слободан Хаџи Илиев на тапаниrnrnЖанр: РОКrnrnАлбум: „Armadillo“rnrnОмилена авторска песна: „Авторитети големи“, „Мали луѓе“, „Ништожни души“rnrnПесна што посакуваат да беше нивна: „Sometimes I Feel Like Screaming“ од Deep Purple, „Golden Brown“ од The Stranglers и „Never Let Me Down“ од Depeche ModernrnОмилен македонски бенд/музички изведувач: Архангел, Санаториум, Леб и сол, Мизар, Падот на Византија, Анастасија, Blla Blla BllarnrnМалку филозофирање на тема: Дали музичарите треба да бидат како животното оклопник за да опстанат?rn
„Оклопникот, или армадило е животно со сериозен одбранбен механизам, животно коешто има свој оригинален начин на заштита од предаторите што го напаѓаат, затоа и опстанало толку векови на Земјата и покрај тоа што одредени луѓе го ловат, за да прават разни музички инструменти од неговиот оклоп и кожа. Секако дека се поистоветуваме со него, затоа што има силен карактер, живее во свој свет и секое сквернавење на неговиот свет треба да биде спречено. Дали музичарите треба да бидат како Армадилото за да опстанат? Хмм… музичарите треба само да не престанат да создаваат уметност, да бидат доволно цврсти и отпорни на секојдневната просечност која ги опкружува, со конкретни дела да се борат против шундот којшто секојдневно гледаме како се интегрира во општеството и, за жал, станува дел од менталитетот и карактерот на нацијата. Рокенролот отсекогаш бил бунтовнички, ние само треба да го следиме она што е поставено како основа во раните 60-ти и да се надоврземе на тој непрекинат, исклучително квалитетен и креативен процес, секако со наши дела, коишто се надеваме дека ќе бидат препознаени од вистинските љубители на таквата музика. За еден автор, без разлика од која гранка на уметноста потекнува, најголем дар е кога ќе скрои дело коешто ќе остане засекогаш врежано во историјата, а доколку сето тоа биде признаено и допира до одредена публика којашто ќе го почитува сето тоа, тогаш може слободно да кажеме дека сме успеале да створиме нешто во животот“, ни објасни Саше.
rnhttps://www.youtube.com/watch?v=lOWgIIDI8hYrn
5. Lithiüm
rnLithiüm е релативно нов бенд од Македонска Каменица чиј прв албум е во процес на изработка. И покрај тоа, двете издадени авторски песни, секоја со свој видео запис, постигнаа значителен успех и добија голем број прегледи на Јутјуб. Главната цел на овој бенд е да ја шири рокенрол музиката на секој можен начин. Тие се препознатливи по тоа што нивните песни не се снимени со помош на илјадници вокали и милиони гитари, па благодарение на тоа, звучат многу реално и автентично. Ова се работите што треба да ги знаете за овој надежен македонски бенд од алтернативната музичка сцена…rnrn
rnrnИме на бендот: LithiümrnrnЧленови: Мартин Ангеловски како главен вокал и гитара, Иван Стојковски на бас гитара и Давид Горгиев на тапаниrnrnЖанр: РокенролrnrnИме на албум: „Grey Diary“rnrnОмилена авторска песна: „Dirty Games“ од издаденитеrnrnПесна што посакуваат да беше нивна: „Shine On You Crazy Diamon“ од Pink FloydrnrnОмилен македонски бенд/ музички изведувач: The Black & Vice Social ClubrnrnМалку филозофирање на тема: Музиката како лек за депресијаrn
„Не постои сомнеж дека музиката е најдобриот лек за депресија. Оттаму потекнува и името на бендот“, ни одговори Мартин.
rnhttps://www.youtube.com/watch?v=hllv4n-ZM_MrnrnСе надеваме дека успеавме барем малку да ви ја разоткриеме алтернативната музичка сцена во Македонија иако станува збор за огромна ризница на неоткриени и занемарени богатства. Слушајте квалитетна македонска музика, поддржувајте ги локалните бендови и секогаш бидете отворени кон нови искуства и знаења. Се гледаме на свирка!
