Секој има емоционални рани од минатите негативни искуства што влијаат врз животот. Без оглед колку се стари тие рани, сепак можат да влијаат врз вас. Ако не ги знаете вашите емоционални рани, овој тест може да ви помогне да ги откриете. Изберете една од картите прикажани на сликата и откријте која емоционална рана треба да ја излечите.rnrn
rnrn1. Вашата најголема траума е емоционалната нестабилност.rnrnМожеби не сте имале здрава емоционална врска со вашите родители уште од детството и тоа ве претвори во личност која тешко се носи со чувствата и често создава нездрава приврзаност кон другите, така што на тој начин си го обезбедувате тоа што ви недостасувало во детството.rnrnМожеби не сте имале добро емоционално искуство и тоа навистина може да ви пречи во вашиот сегашен живот, но не дозволувајте да живеете со тие ограничувања засекогаш.rnrnПостојат многу добри луѓе на овој свет што ќе ве сакаат како што треба, ќе ви посветат внимание и ќе се грижат за вас.rnrnПобарајте помош за лекување на раните од минатото и научете да живеете во хармонија со другите.rnrn2. Вашата емоционална болка што треба да се лекува е вината.rnrnМожеби сте биле задушени во текот на целиот живот од советите и од барањата на вашето семејство.rnrnМожеби се бараа многу работи од вас: добри оценки, покажување талент, интелигенција, добра спортска изведба, добра работа итн., а тој притисок сè уште трае и понекогаш ви го прави животот неподнослив.rnrnНе можете да ја изградите вашата среќа затоа што секогаш чувствувате дека нешто недостасува или дека нешто треба да се поправи. Мора да ја излекувате оваа траума за да научите да се сакате себеси такви какви што сте и да уживате во животот, и покрај вашите неуспеси.rnrnВие сте добра личност, научете да се прифаќате такви какви што сте.rnrn3. Предавството и огорченоста од минатото се вашата најсериозна рана.rnrnНе успеавте да се справите со сите разочарувања од минатото и наместо да ги лекувате, едноставно изградивте ѕид околу себе за да избегнете разочарувања. Проблемот е што овој ѕид не го спречува само лошото да влезе во вашиот живот, туку и доброто.rnrnДури и ако некој ве навредил, тоа не значи дека сите ќе го направат истото.rnrnОслободете се од вашиот одбранбен став и бидете поотворени кон она што ви го нуди животот. Дајте им шанса на другите, верувајте им и ќе се изненадите колку може да биде поинаков вашиот живот – среќен и полн со прекрасни луѓе.rnrn[message_box title=”Изберете слика и откријте што ве чека овој ноември” color=”yellow”]
[/message_box]rn
Извор: Atma.hr