rn
6. Плажата Шел, Австралија
rnПлажата Шел којашто се протега на повеќе од 60 километри е сместена во регионот Шарк Беј во западна Австралија и целосно е покриена со школки. Високата соленост им овозможува на школките да се размножуваат и ако помисливте дека ова е идеално место за собирање тони школки мораме да ве разочараме затоа што нивното собирање е строго забрането бидејќи плажата е под заштита на УНЕСКО.rnrn
rnrn
rn
7. Кала Макаралета, Шпанија
rnКала Макаралета е бисерот на Јужна Менорка. Како да се наоѓате во целосно друг свет благодарение на тиркизната боја, боровите дрвја и плажите. Ова плажа е популарна помеѓу оние кои бараат спокојство.rnrn
rnrn
rn
8. Плажата Тулум, Мексико
rnТулум е една од топ дестинациите во светот поради нејзината чиста вода и мекиот бел песок. Но, остатоците од Маите во оваа област се тие што ја прават плажата Тулум толку посебна. Таа е совршено место за љубителите на плажа кои сакаат да истражуваат историски и културни места.rnrn
rnrn
rn
9. Плажата Вајт Сендс Хајамс, Австралија
rnПлажата Хајамс се наоѓа во списокот на Гинисовата книга на рекорди за најбела песочна плажа во светот. Подобро да носите очила за сонце поради светлината што се одбива од песокот бидејќи е заслепувачка и може да ви ги оштети очите.rnrn
rnrn
rn
10. Плажата Папаколеа, Хаваи
rnПлажата Папаколеа или Грин Сенд ја добива својата карактеристична боја од минерал со вулканско потекло што исто така се користи во накитот. За да се сончате на оваа плажа потребна е посебна дозвола. Но, не можете да ја земете со себе оваа „скапоцена песок“ бидејќи тоа е илегално.rnrn
rnrn
rn
11. Плажата Вакатоби, Бали
rnИмето на островот е акроним од 4 поголеми острови: Ванги Ванги, Каледупа, Томиа и Бионгко. Различниот и обоен морски живот заедно со кристално чистата вода ги привлекува нуркачите од целиот свет.rnrn
rnrn
rnrnПогледнете ги и овие плажи што ќе ве воодушеват со својата природна убавина.