Кога летото е во полн ек, секогаш е идеално тоа да се помине на локации кои се недопрени од човечката цивилизација. Иако некогаш имаме впечаток дека повеќе не постојат места на планетата Земја кои се имуни на загадувањето, сепак, сѐ уште може да се најдат интересни дестинации кои ќе ве воодушеват со својата природна убавина, прекрасните плажи и чистиот воздух.rn
1. Баиа де Санчо (Бразил)
rn
rnrnОваа плажа е на архипелагот Фернандо де Нороња, кој е заштитен од УНЕСКО. Исто така, интересно е тоа што тука живеат и најголем број делфини во светот. Со цел да се заштити природната околина на островот, бројот на туристи годишно е ограничен.rn
2. Поинт Рејес (Калифорнија)
rn
rnrnПоинт Рејес е прекрасно крајбрежје во округот Марин, Калифорнија. Со оглед на тоа што превозот тука е забранет, посетителите мора да поминат неколку километри за да стигнат до плажата. Секако, наградата за овој сладок напор е целосното претопување во природата, мирот и спокојството кое го дава Поинт Рејес.rn
3. Плажа Сендкат (Канада)
rn
rnrnЕдна кратка прошетка низ кедровата шума на островот Ванкувер ќе ве доведе до плажата Сендкат и прекрасниот водопад.rn
4. Плажа Пинк Сендс (Бахами)
rn
rnrnВеројатно ќе посакате да се исклучите од реалноста додека уживате во прекрасната атмосфера на плажата Пинк Сендс. Брановите на Атлантскиот Океан често исфрлаат парчиња корали и фораминофира, молекула на едноклеточни морски органи кои всушност имаат жолтеникаво-црвена школка, нешто што ја објаснува розовата нијанса на плажата. Топлата, кристално чиста вода на плажата е совршена за пливање.rn
5. Ко Аданг (Тајланд)
rn
rnrnОвој остров се наоѓа далеку од најпопуларните плажи во Тајланд. Тој е познат по неговите планини, покриени со тропски шуми и по разновидните морски желки кои живеат тука.rn
6. Плажа Шел (Австралија)
rn
rnrnПлажата Шел, која се протега на повеќе од 60 километри, се наоѓа во регионот Шарк Беј и е целосно покриена со школки. Можеби си помисливте дека го најдовте најдоброто место за собирање сувенири, но тука е забрането да се собираат школки бидејќи плажата е на листата на светско наследство на УНЕСКО.rn
7. Кала Макарелета (Шпанија)
rn
rnrnКала Макарелета е бисерот на јужна Менорка. Овде имате чувство како да се наоѓате во сосема поинаков свет – плажа со тиркизна вода, борови дрвја и планини. Ова место е совршено за оние кои бараат спокојство.rn
8. Плажа Тулум (Мексико)
rn
rnrnПлажата Тулум е една од најпопуларните летни дестинации во светот поради нејзината чиста вода и бел песок. Но, руините од времето на Маите се оние кои го прават ова место толку посебно. Ова е совршен спој за оние кои го сакаат летото и кои сакаат да посетуваат историски и културни дестинации.rn
9. Плажа Папаколеа (Хаваи)
rn
rnrnПлажата Папаколеа или т.н. „Плажа со зелен песок“ ја добива својата карактеристична боја од хризолитот, минерал од вулканско потекло, кој исто така се користи и за правење накит. За да се сончате на оваа плажа ви е потребна специјална дозвола. Исто така, забрането е да земете дел од „скапоцениот песок“ како сувенир.rn
10. Плажа Вакатоби (Бали)
rn
rnrnИмето Вакатоби е акроним од имињата на четирите главни острови – Ванги Ванги, Каледупа, Томиа и Бинонгко. Разновидниот и шарен морски свет, заедно со кристално чистата вода привлекуваат нуркачи од целиот свет.rnrnПогледнете ги и најубавите плажи на Балканот.
