КАФЕ ПАУЗА

Убави мали лажливки (Pretty Little Liars)

Убави мали лажливки

Приказна за лагата, стравот, заканите и мистеријата кои стануваат дел од секојдневието на 4 тинејџеркиrnrnУбави мали лажливкиГлавни ликови: Тројан Белисарио, Ешли Бенсон, Холи Мери Комбс, Луси Хејл, Шеј Мичел, Ијан Хардинг…rnrnКреатор: Норман БаклиrnrnСценарист: Марлин КингrnrnЖанр: драма, мистерија, трилерrnrnВреметраење: 42 минrnrnПремиера: 8 јуни 2010rnrnЈазик: англискиrnrnБрој на сезони: 1 (во тек)rnrnНаша оценка: 8rnrnВашата оценка:: [ratings]rnrn


rnrnКога ќе почнете да ја гледате ТВ серијата „Убави мали лажливки“, најверојатно ќе помислите дека станува збор за уште една тинејџерска серија со еден куп љубовни сплетки и интриги, а во центарот на вниманието во училиштето се петте секси другарки. Но, првиот впечаток може да биде погрешен нели? Режисерот на „Озборувачка“ (Gossip Girl) повторно пријатно ќе ве изненади со сосема различен жанр на тинејџерска серија. Во ова сценарио нема ништо наивно, детско или плитко. Роузвуд е перфектно, мало, тивко гратче, во кое никогаш не би претпоставиле дека можат да се кријат толку многу тајни. Најтешките и најмрачни тајни им припаѓаат токму на овие 5 најубави девојки во градот. Едната од нив исчезнува и во тој момент нивните животи почнуваат да заземаат сосема нов правец.


rnrn

rnrnПриказна: Серијата започнува во една куќа во која се собрани петте најдобри другарки Алисон, Спенсер, Хана, Арија и Емили каде пијат алкохол доцна навечер. Тогаш Алисон која е „кралица“ во друштвото, мистериозно исчезнува. Таа оди да се прошета малку на воздух, излегува и Спенсер, но се враќа назад сама, исплашено кажувајќи им на останатите другарки дека Али исчезнала и дека слушнала врисок кој доаѓал од длабоката темнина.rn
rn

Алисон: „Пријателите меѓусебно си ги споделуваат тајните. Тоа е она што не прави блиски.“

rnrnИсчезнувањето на Алисон ги разединува четирите другарки, а после една година нејзиното тело е пронајдено во куќата во која што таа живеела. Смртта на Алисон го потресува целиот град, а особено нејзините другарки, на кои почнуваат да им стигнуваат заканувачки СМС-пораки од испраќач потипшан  со буквата „А“.rn
rn

А: „Уште сум тука кучки. И знам сè.“

rnrnУбави мали лажливкиrnrnВо пораките „А“ една по една ги открива тајните на секоја од девојките, кои што единствено Алисон ги знаела. Но, не е возможно таа да им ги праќа зошто е мртва. Или возможно е?rn
rn

Спенсер: „Неа ја нема, но таа всушност е насекаде.“

rnrnУбави мали лажливкиrnrnКој и да е нивниот демнач, по се изгледа ги знае сите нивни приватни работи и ги следи во секој нивни чекор. Девојките се повторно блиски и строго се придржуваат до нивниот договор да не откриваат ништо на никого, особено не на полицијата, но дали ќе се штитат и кога нивните најмрачни тајни ќе бидат откриени? Останува да видите сами.rnrnУбави мали лажливкиrnrnКога и како да ја гледате: „Убави мали лажливки“ е серија во која особено ќе уживаат младите момци и девојки кои не се плашат од хорор филмови или сите оние кои сакаат мало покачување на адреналинот, седејќи на удобниот кауч во дневната соба. Стравот, неизвесноста и мистеријата се присутни во секоја епизода, така што подобар ефект ќе има ако ја гледате навечер, во темница, кога сите во вашиот дом спијат. Ако одлучите да ја гледате со друштво или со вашиот партнер, замолете ги да бидат тивки додека трае епизодата, за да можете да се сконцентрирате на сплетканите детали од минатото на главните ликови и нивните „мали“ гревови, како и да ги почувствувате морниците по вашето тело.rnrnУбави мали лажливкиrnrnСлични филмови: Бидејќи не можевме да посочиме некоја популарна ТВ серија од типот на „Убави мали лажливки“, ќе ја споредиме со неколку постари, но популарни „тинејџ-хорор“ филмови. Се сеќавате ли на филмовите „Знам што направи минатото лето“ (1997), „Сè уште знам што направи минатото лето“ (1998), „Урбана легенда“ (1998)? Епа оваа серија доста потсеќа на нив.rn
rn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.