Доколку сте во почетна фаза од вашата бременост, веројатно едвај чекате да ги почувствувате првите движења на вашето бебе. Најчесто движењето почнува да се чувствува од 18-тата до 20-тата недела од бременоста. Доколку ова ви е прва бременост, може да ви биде потребно време да сфатите за што станува збор. Ако не сте почувствувале движење до 24-тата недела, најдобро е да разговарате со вашиот лекар за да ја откриете причината.rnrn
rn
Што прави бебето во вашиот стомак?
rnУлтразвучните снимки можат да ви покажат што и како прави бебето во стомакот, а неговото движење започнува уште пред да станете свесни за него. Доколку вашето бебе е будно за време на снимањето, ќе можете и самите да ги видите движењата.rn
- rn 011
- Од 7-мата до 8-мата недела бебето почнува да се помрднува на страна.
- Околу 9-тата недела почнува да клоца, да ги мрда рацете и нозете и да голта.
- Околу 11-тата недела почнува да зева.
- Околу 14-тата недела може да ги мрда и очите.
rn 011
rn 011
rn 011
rn
rnПостепено движењето на бебето станува доволно силно за да можете да го почувствувате. Наскоро ќе се навикнете на неговото удирање и истегнување. Важно е да знаете дека бебето нема постојано да се движи, тоа исто така и ќе одмара и ќе спие.rn
Како ќе го чувствувате движењето на бебето?
rnНекои движења ќе бидат кратки и нема ни да ги забележите, а некои ќе траат по неколку секунди. Еве какви движења да очекувате во секоја недела од бременоста.rn
Од 20-та до 24-та недела
rnАктивноста на бебето ќе се зголемува и ќе забележите дека е поактивно во текот на денот, или дека повеќе удира навечер.rn
Од 24-та до 28-ма недела
rnЌе забележувате кога бебето ќе ика, бидејќи ќе го чувствувате како ритмичко движење. Сега во матката има и до 750 милилитри течност, така што бебето може послободно да се движи. Исто така може да забележите дека ќе скока на ненадејни звуци.rn
29-та недела
rnБебето ќе се движи посилно бидејќи матката му станува потесна.rn
32-ра недела
rnЌе забележите дека движењето се променува. Бебето нема да се мрда помалку. но почесто ќе се растега и ќе го чувствувате на едно место, а не на целиот стомак. Ова е сосема нормално бидејќи бебето нема многу место за мрдање.rn
36-та недела
rnБебето веројатно ќе ја заземе последната положба во стомакот. Цврстите мускули на матката и стомакот ќе му помогнат да остане на место. Движењата што ќе ги чувствувате ќе бидат од рацете и нозете, а можете да почувствувате и болни удари во ребрата. Ако ова ви е втора бременост, мускулите нема да бидат толку силни, па бебето може да ја менува положбата до породувањето.rn
Од 36-та до 40-та недела
rnМрдањето на бебето ќе станува сè поретко. Наместо тоа, можно е да чувствувате упорно удирање под ребрата на двете страни. Досега бебето веројатно има научено да си го цица палецот, а доколку му излезе од уста ќе почувствувате како го бара со главата.rnrnКога движењето на бебето ќе стане локализирано под ребрата или во долниот дел од стомакот, би требало да чувствувате како се мрда и во неделите пред породувањето, и во текот на породувањето. Доколку забележите промена консултирајте се веднаш со вашиот лекар.rn
Колку удари треба да чувствувате во текот на денот?
rnНе постои одреден број удари што треба да ги почувствувате, па нема потреба да броите. Наместо тоа обидете се да го научите распоредот на мрдање на вашето бебе во текот на денот. Секое бебе има различен ритам на спиење и будење, па така ќе знаете што е нормално за вашето. Доколку забележите промена во неговиот распоред, консултирајте се со лекарот.rn
Треба ли да бидете загрижени доколку не го чувствувате движењето на бебето?
rnАко не сте фокусирале на движењето, можно е да сте го испуштиле. За најлесно да го почувствувате, легнете на страна и ставете перница под вашиот стомак. Останете мирни еден или два часа и би требало да почувствувате низа одвоени движења. Ако сепак мислите дека бебето се движи помалку од вообичаено, консултирајте се со вашиот лекар.rnrnПогледнете ги и нештата што секоја жена треба да ги знае пред првата бременост.
