Во Лондон за време на раните 1900-ти години, Џорџ и Ејми се обидуваат да почнат заеднички живот кој ќе биде прекинат од марсовска инвазија на Земјата
rn[column col=”1/2″]
[/column]rn[column col=”1/2″]rnrnГлавни улоги: Еленор Томлисон, Рејф Спал, Џонатан АрисrnrnЖанр: драма, научна фантастикаrnrnПремиера: 6 октомври 2019rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 40 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 7/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn[/column]rnrn rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=r-yas0yPbLUrnrnИзгледа дека никогаш нема да ни здодее да гледаме како оживуваат дел од нашите омилени приказни, особено оние што се култни како книгата „Војна на световите“ (The War of the Worlds) од Х. Г. Велс. Овој пат, преку кратка ТВ серија, имаме можност да видиме британска верзија на епскиот напад на Земјата од страна на напредна вонземна раса. И иако Том Круз овој пат не е дел од тимот, сепак приказната има добар потенцијал.rnrn
rnrnПред да решите дали ќе ја гледате оваа ТВ серија треба да ве предупредиме дека не е толку динамична и брза како книгата или пак, како досегашните адаптации. Приказната тече бавно, дозволувајќи ни да впиеме што е можно повеќе детали од околината и карактерите. Ова ќе ве направи да се чувствувате како и вие да сте дел од настаните. Што се однесува до специјалните ефекти, подобро е да не очекувате многу бидејќи можете да бидете разочарани.rnrn
rnrnНајдобриот дел од оваа приказна е внимателно одбраниот тим актери кои завршуваат навистина добра работа. Еленор Томлисон сјае во улогата на тврдоглавата Ејми која е вистинскиот протагонист на приказната. Може слободно да се каже дека таа и ја носи целата ТВ серија на својот грб. Но да не должиме и да не случајно ви откриеме нешто што не треба – ако сте расположени за добра научна фантастика базирана на класика, дајте ѝ шанса на серијата!
