Полициска драма од 60-тите која го следи животот на озлогласениот Чарлс Менсон пред убиствата
rn
Главни улоги: Дејвид Дуковни, Гетин Антони, Ема ДјумонтrnrnЖанр: криминал, драмаrnrnКреатор: Џон МекнемараrnrnПремиера: 28 мај 2015rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 42 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 7/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnПриказната започнува во 1967 година во Лос Анџелес. Оваа ТВ серија е инспирирана од вистински личности и настани, но тие не се вклучени во неа. Сите ликови и настани кои можеме да ги видиме на малите екрани се измислени, но со оглед на фактот дека станува збор за еден многу темен настан во историјата, таа брзо се вивна во популарноста. И секако, веднаш можете да претпоставите дека ќе станува збор за добра ТВ серија бидејќи главната улога му припаѓа токму на Дејвид Дуковни. Тој ни го претставува Сем Ходијак, фиктивен детектив од Лос Анџелес кој истражува случај на исчезната тинејџерка. Барајќи ја, ќе го открие Чарлс Менсон и неговата мала фамилија, група хипици кои го следат во секој чекор.rnrn
rnrnЧарлс Менсон е харизматичен маж кој едноставно знае како да зборува со луѓето. Токму затоа и никој не се сомнева дека тој има големи планови за оваа мала фамилија, кои подоцна ќе доведат до едни од најозлогласените убиства на генерацијата. Тоа е и една од причините зошто тој собира ранливи млади момци и девојки кои му се придржуваат во неговата цел, притоа перејќи им ги мозоците и правејќи ги да сакаат да направат сè за него. Дури и ако тоа вклучува одземање нечиј живот. За да дознае што точно се случува во оваа фамилија, Ходијак ќе се здружи со млад детектив чија задача ќе биде да се инфилтрира во овој култ и да открие нешто повеќе за нивниот живот. Но, тие ќе мора да научат како да размислуваат како овие девојки и момци со цел да избегнат да бидат откриени, а тоа не е нешто што може лесно да биде изведено…rnrn

