9 мудри заповеди за шопинг на распродажба

Сподели

Податокот дека во текот на јануарските попусти жените во Велика Британија трошат повеќе од милијарда фунти за облека која нема никогаш да ја облечат, е и тоа како загрижувачки. За да не постанете и вие жртва на распродажбите, проучете ги нашите мудри совети, кои ќе ви заштедат време и пари.

Реклама

rn

1. Ѕирнете во плакарот

rnПред да тргнете на шопинг, преуредете го вашиот плакар, со цел да видите што сѐ чувате во него. Можеби имате нешто одамна заборавено во некоја кутија, па непотребно ќе посегнете да го купите во првиот бутик во кој ќе влезете. Добро разгледајте што имате и што ви фали. Дали се тоа секојдневни парчиња облека, класичен капут, чевли, свечена облека или можеби долго посакуваната кожна јакна? На распродажба се достапни сите модни парчиња, а вие треба да ги изберете оние кои навистина ви се потребни, како и во секој стандарден шопинг.rn

2. Направете список и заштедете

rnНа еден лист, напишете што сѐ ви е потребно да си купите, и понесете го со себе за време на пазарењето. На тој начин ќе го заштедите времето во непотребно лутање по продавниците, а воедно ќе заштедите и пари, бидејќи нема да ги расфрлате на непотребни работи.rn

3. Одредете буџет

rnОднапред одредете го максималниот износ кој сакате да го потрошите, за потоа да не се каете дека сте го испразниле паричникот. На пример, доколку сакате да потрошите 6.000 денари, извадете токму толку од вашата картица, ставете ги во паричникот и заборавете дека имате уште пари на неа. Кога ќе го потрошите последниот денар од паричникот наменет за купување, ќе заврши и вашиот шопинг.

rn

4. Со испробување започнете пред снижувањата

rnОблеката која ви се допаѓа, пробувајте ја пред да започне шопинг-лудилото во вашиот град. Кога ќе најдете нешто коешто добро ви стои, запишете од која продавница е и кој број ви одговара. На тој начин ќе заштедите време во чекање пред гардеробите и ќе го зграбите посакуваното парче пред другите. Доколку е веќе доцна за тоа, немојте импулсивно да купувате без да знаете дали бројот ви одговара. Евтино или не, фрлени пари – се фрлени пари.rn

5. Не го чекајте последниот ден од распродажбите

rnСо обиколка на трговските центри започнете што побрзо, бидејќи во текот на првите денови кога започнале попустите, повеќето луѓе не се информирани за тоа и плус сите најдобри и најатрактивни парчиња облека се достапни. Во последните денови остануваат само најмалите и најголемите броеви и изборот е многу мал.rn

6. Заштитете се од манипулативните попусти

rnНа многу бутици пишува дека има 50% попуст, но кога ќе ги погледнете цените, сѐ е прилично скапо. Нека не ве мамат процентите на излогот. Проверете ги цените во неколку бутици и заклучете што е навистина на попуст, а што е измама која ве мами импулсивно да пазарите зашто има голем „попуст“.rn

7. Старата цена на производот мора да биде видлива

rnТрговците честопати врз старата цена ја лепат новата, но по правило на етикетата на артиклите треба да е видлива и старата цена, па и процентот за кој производот е снижен. На овој начин, ќе имате увид колку навистина е голема вашата заштеда. Гужвата, гласната музика и еуфоријата може да ве зашемети, но држете ги очите широко отворени.rn

8. Инвестирајте во детали

rnНаместо да купувате евтини грди маици, кои ќе ги носите само дома, инвестирајте во сјајни модни детали. Искористете прилика да го купите посакуваниот накит, шал, долна облека, колан или чанта, додека траат попустите.rn

9. Одберете ги утринските или вечерните часови

rnПовеќето од нас одат на шопинг по завршувањето на работното време, поради што трговските центри се пренатрупани, а гужвата е неизбежна. Овие фактори влијаат на нашето трпение, поради што сме подготвени да купиме и непотребни производи. Поради тоа, доколку имате можност, избегнувајте да купувате за време на викендите и касно попладне.rn
rn


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Популарно

Може ќе ве интересира