ТВ серија која го следи животот на две медицински страни од спротивната страна на цивилната војна во Америка
rn
Главни улоги: Мери Елизабет Винстин, Хана Џејмс, Џош Раднор, МекКинли Белчер IIIrnrnЖанр: драма, историјаrnrnКреатори: Лиза Волфингер, Дејвид ЗабелrnrnПремиера: 17 јануари 2016rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 50 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 8/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnСметате дека сте долгогодишен фан на приказните кои изобилуваат со историја? Опседнати сте со драмите кои се одвиваат во тешки периоди од минатото? Или пак, можеби сте едни од оние луѓе кои не ги пропуштаат премиерите и дури потоа одлучуваат дали ќе ја гледаат ТВ серијата или не? Без разлика на ситуацијата, кога станува збор за „Mercy Street“, воена медицинска драма која изобилува со многу емоции и богати ликови, тогаш без сомнение нема да згрешите. Дури и самиот факт што било потребно мало чудо за да се направи ТВ серија со оваа тематика која резултирала со прекрасна приказна и голем тим одлични актери, треба да ви даде до знаење дека и да не сте љубители на овој жанр, доколку ѝ дадете шанса, таа нема да ве изневери.rnrn
rnrnПриказната се врти околу две медицински сестри без претходно искуство чиј живот ќе се испреплети во болница наменета за војници кои се борат во цивилната војна во Америка. Тие се наоѓаат на две спротивставени страни од оваа војна, Мери Фини (на северот) и Ема Грин (на југот). Тука не станува збор за розова приказна за изгубена љубов и искривени кринолини – тоа е јасно уште во првата сцена, кога ја запознаваме госпоѓата Доротеа Дикс. Целта на оваа ТВ серија е да ни покаже дека луѓето се луѓе, без разлика на нивните уверувања, и дека дури и најголемите и најстудените убијци, во болничките соби не се ништо повеќе од очајни индивидуи чие судбина е во рацете на докторите и медицинските сестри.rnrn

