Можеби го давате најдоброто од себе за да се ослободите од долговите и да заштедите, но што доколку нема никаков резултат? Можеби треба да го промените вашиот став кон трошењето. Всушност, луѓето кои успеале и кои имаат големо богатство, се навистина внимателни со нивните трошоци. Можеби мислите дека овие луѓе сакаат да трошат неразумно, но ова е далеку од вистината. Погледнете ги нештата што, за разлика од останатите, милионерите ретко ги купуваат.rnrn
rn
1. Импулсивно купување
rnНа секој му се има случено да види нешто речиси бескорисно на попуст, да го купи, а потоа да зажали за одлуката. Луѓето често трошат пари со импулсивно купување, а ова ги разликува од богатите. Ефективен начин да го избегнете непотребното трошење е да направите шопинг листа пред секое одење во продавница.rn
2. Скап имот
rnКупувањето луксузни куќи со цени од инфлација е сомнителна инвестиција. Поради ова, богатите купуваат ветувачка недвижнина додека цената е ниска, а потоа профитираат кога цената на имотот ќе порасне.rn
3. Продолжена гаранција
rnНајчесто, луѓето со ниски примања се оние кои прифаќаат продолжена гаранција кога купуваат нова опрема. Ова е нормално бидејќи им е страв дека направата ќе се расипе, па плаќаат дополнително за да се заштитат. Но ова е неопходно бидејќи и обичната гаранција е сосема доволна.rn
4. Облека од познати брендови
rnБогатите можат да си дозволат луксузна облека од најновите дизајнерски колекции. Но нивниот живот не се врти само околу социјалните настани, па тие се држат подалеку од вакви трошоци. Се сеќавате како се облекуваше Стив Џобс? Бил Гејтс има часовник од 10 евра, а дури и Кејт Мидлтон често купува евтина облека.rn
5. Последна верзија од популарните електронски направи
rnБогатите луѓе не брзаат да го купат последниот модел на смартфон, дури и ако нивниот веќе не е во мода. Милионерите најпрво се прашуваат дали трошокот вреди во одреден момент. Кога станува збор за електронските направи, тие брзо застаруваат, па никогаш нема да ги стигнете.rn
6. Заеми, долгови и казни за доцно плаќање
rnБогатите луѓе не земаат заем и не губат пари за казни и тоа од една причина – секогаш ги плаќаат сметките на време и избегнуваат одложувања.rn
7. Купување скапи играчки за децата
rnЛуѓето со просечна плата често ги разгалуваат нивните деца и им купуваат скапи и модерни ирачки. Доколку милионерите би се однесувале исто, нивните деца би се давеле во куп од играчки. Нема потреба да му купите некоја играчка на детето само затоа што ја рекламираат на телевизија.rn
8. Брза храна
rnНајважната разлика помеѓу исхраната на богатите и просечните луѓе не е цената на продуктите. Богатите се опседнати со здравата исхрана. Тие можеби го консумираат истото овошје и зеленчук како и вие, но ретко се прејадуваат со хамбургери и помфрит.rn
9. Трошоци за имиџ
rnЧесто мислиме дека богатите трошат многу на скапи летови, нови автомобили и луксузни забави. Луѓето кои сакаат да изгледаат богато, трошат многу за да го постигнат овој ефект. Од друга страна, вистински богатите луѓе се навистина скромни. Дури и кралицата Елизабета штеди електрична струја во Бакингемската палата.rn
10. Дополнително образование за децата
rnЛуѓето со просечна плата често најмуваат разни тутори за нивните деца. Некои се надеваат дека на овој начин ќе го откријат скриениот талент на детето, а други се надеваат на подобри оценки. Богатите луѓе знаат дека дополнителните предавања немаат ништо со финансискиот успех. Па, тие им дозволуваат на нивните деца да уживаат во нивното детство.rn
11. Гатачи и претскажување на иднината
rnСпоред едно истражување, најчестите клиенти на гатачките се луѓе со слаба аналитичка способност. Истовремено, логичкото размислување најверојатно е клучно за збогатување. Исто така, богатите луѓе веруваат во себе и не трошат пари на гатачки и претскажување на иднината.rn
12. Предавања за личен развој
rnЛуѓето со ниска плата и лоша кариера им се најчестата мета на животните советници. Многу луѓе отворено кажуваат колку всушност се бескорисни овие предавања. Пред да решите да ги потрошите парите на некој мотивационен курс, подобро прочитајте биографија на познат милионер. Подобро ќе дознаете што треба да правите и што би функционирало.rn
13. Тренди ентериер
rnНови модели на покуќнина се појавуваат речиси секој месец. Поради ова, луѓето од средната класа трошат многу пари обидувајќи се да ги следат трендовите. За жал, овие дизајни брзо излегуваат од мода, па одеднаш целиот дом ќе ви биде демоде. Пред следното реновирање, разгледајте го домот на некоја богата личност. Ќе забележите дека мебелот е безвременски и нема потреба од постојано реновирање.rnrnПогледнете ги и финансиските совети што можеби звучат добро, но ви прават штета.
