Група тинејџери се оставени сами да се снаоѓаат на опасните улици на Бронкс во 70-тите години
rn
Главни улоги: Џастис Смит, Херизен Гуардиола, Шамеик МурrnrnЖанр: драма, мјузиклrnrnКреатори: Баз Лурман и Стивен Адли ГуиргисrnrnПремиера: 4 април 2016rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 52 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 9/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnАвстралискиот креатор на филмови, Баз Лурман, навистина знае како да изгради нереален свет. Режисерот зад филмовите „Мулен руж“, „Ромео + Јулија“ и „Големиот Гетсби“ го носи својот поларизиран, хипер визуелен стил од филмското платно на малите екрани со оваа нова оригинална телевизиска музичка драма. Првата сезона е достапна на Нетфликс, а втората моментално се снима и се очекува да пристигне во 2017 година.rnrn
rnrnИако групата ликови кои се во центарот на приказната се измислени, сепак позадината на ТВ серијата е многу позната. Дејството се одвива во Бронкс за време на 70-тите години – период кога ова место било опасно за живеење. Џастис Смит ја има главната улога. Тој го толкува ликот на младиот Езикиел „Зик“ Фигеро, поет и романтичар, кој е заљубен во својата најдобра пријателка Мајлин Круз (Херизен Гуардиола) – диско ѕвезда во своето срце, со неверојатен талент за пеење, но спречена да ги оствари своите соништа од страна на нејзиниот конзервативен татко.rnrn
rnrnЖивотот на Зик целосно ќе се промени откако ќе се сретне со слободоумниот артист за графити, Шаолин Фантастик (Шамеик Мур), кој има желба да стане диџеј. Заедно, тие создаваат група која ќе воведе револуција во музиката, додека истовремено се борат и со тешкиот уличен живот во Бронкс. Иако тие ја чувствуваат музиката во својата крв, сепак сакаат да направат и промена во својот град, да се изборат за неговата безбедност и да го спасат од уништувањето кое долго време ги тера жителите да живеат во страв.rnrn
rnrnНа кратко, оваа ТВ серија може да се гледа и како еден вид историска фикција. Голем дел од ликовите, врските и нивните патишта се целосно измислени, но вклучува вистински настани што се случувале во Њујорк за време на 70-тите години. Имајќи го тоа на ум, ќе имате можност да видите оригинална приказна која ја раскажува вистината за една хаотична ера во која се родиле иконски форми на уметноста.rnrn

