КАФЕ ПАУЗА

10 знаци кои покажуваат дека го жртвувате вашето здравје заради работата

Written by

in

,

Понекогаш, во текот на работната недела ни се насобира толку многу стрес, така што кога ќе пристигне петок едноставно „прегоруваме“ и целиот викенд го поминуваме во пижами, јадејќи што било ќе најдеме и гледајќи телевизија. Но, и кога ќе дојде време за годишен одмор, стресот е толку јак што дури ни за време на одморот не можете да се опуштите. Затоа, обрнете внимание на овие знаци кои покажуваат дека го жртвувате вашето здравје заради работното место.rnrn1-10-znaci-koi-pokazhuvaat-deka-go-zhrtvuvate-vasheto-zdravje-zaradi-rabotata-www.kafepauza.mk_rnrnСекој мора да работи бидејќи на тој начин ние се одржуваме себеси, нашето семејство, односно ги задоволуваме нашите потреби со цел да бидеме среќни и исполнети. Сепак, статистиките покажуваат дека е исклучително опасно кога не можете да се исклучите после работното време и кога не го сфаќате фактот дека предолгата работа лошо влијае на вашето здравје и доведува до неурамнотежен живот. Ова се неколку знаци кои покажуваат дека можеби работите повеќе од потребното:rn

1. Здравствени проблеми

rnБолестите може да се појават и во распон од претежно незабележани психички проблеми, па се до други физички проблеми, како што е дебелеењето. Или јадете премногу или пак премалку. Вашите зглобови станале премногу цврсти што речиси и не можете да си дозволите некои вежби со појак интензитет.rn

2. Когнитивни проблеми

rnЗабележувате лошо помнење. Некој ви кажал нешто пред само неколку минути, а вие веќе сте заборавиле што тој точно ви кажал.rn

3. Полоши меѓучовечки односи

rnСте го запоставиле односот со вашето семејство и пријателите. Имате многу малку време кое можете да го поминете со нив. Кога кончено ќе најдете доволно време за да излезете со семејството или пријателите надвор или на ручек, вашиот загрижен ум не може да престане да мисли на работата. Таквиот стрес поттикнува еден вид бариера помеѓу вас и вашите најмили.rn

4. Недовршената работа ја носите во вашиот дом

rnСо зголемената количина на работни обврски повеќе не можете да го разликувате работното време од слободното време. Не можете да престанете да размислувате за вашата работа, дури иако сте на одмор.rnrn3-10-znaci-koi-pokazhuvaat-deka-go-zhrtvuvate-vasheto-zdravje-zaradi-rabotata-www.kafepauza.mk_rn

5. Чувствувате константен замор

rnНаутро тешко се будите, премногу се потпирате на кафето, потешко се концентрирате. Започнувате да се чувствувате како да сте остареле барем 10 години во текот на една година.rn

6. Повеќе ви доминираат негативните мисли

rnВашиот мисловен процес е вознемирен и под стрес. Може да ве иритираат и мали работи, иако не сакате да бидете такви.rn

7. Пониско ниво на задоволство

rnМожеби ви станува сè потешко да почувствувате задоволство во работите во кои некогаш со задоволство сте уживале. Тие работи повеќе ја немаат својата боја и понекогаш започнувате да се сомневате во смислата на вашиот живот.rn

8. Многу лесно се фрустрирате

rnСега многу лесно и брзо се фрустрирате и тоа во многу работи.rnrn2-10-znaci-koi-pokazhuvaat-deka-go-zhrtvuvate-vasheto-zdravje-zaradi-rabotata-www.kafepauza.mk_rn

9. Слаба ефикасност на работното место

rnВашата професионалност и стручност повеќе не се на највисокото ниво. Вие и понатаму се обидувате, но резултатот повеќе не е ист како претходно, бидејќи вашето тело не може повеќе да го следи истото темпо на работа.rn

10. Послаба самоконтрола

rnМожеби ќе се „уловите“ како лесно се предавате на другите работи, бидејќи чувствувате замор и стрес.rnrn4-10-znaci-koi-pokazhuvaat-deka-go-zhrtvuvate-vasheto-zdravje-zaradi-rabotata-www.kafepauza.mk_rnrnЗа жал, стана правило, некој од вашето семејство или некој пријател да ви се јави и да ви каже дека „заглавил“ на работа и нема да стигне на време. Постојат неколку причина за тоа, а притисоците овде играат важна улога. Бидејќи, започнувате да чувствувате грижа на совеста доколку заминете на крајот од вашето работно време, а ви останале уште многу работи за доработување. Чувствувате вина додека останатите работници се на соите работни места, а вие се подготвувате да заминете дома.rnrnЗа да го избегнете тоа, секогаш мора да бидете свесни за своите права. Доколку сте се согласиле и сте се договориле да работите до одредени точки, тогаш работете до тогаш и потоа напуштете го работното место за тој ден. Сè е вежбање. Тоа е работа за која сте вработени и вие ја извршувате, ако понекогаш сте пренатрупани со работа која не можете да ја извршите во некое одредено време, таа додатна работа би требало да биде договорена однапред, а не во текот на работниот ден. Вие не правите ништо лошо, поточно, се заземате за себе.rn

Обидете се на поразличниот начин отколку на потешкиот

rnАко премногу се вложувате на работата, тогаш престанете да уживате во неа. Иако понекогаш не ја сакаме нашата работа, не би требало да ја мразиме. Наместо самите да се тргате и да се туркате појако, обидете се поразлично. Испробувајте различни методи на работа, наместо да трошите премногу време на работното место. Поставете си одредени цели. Наместо да кажете „Останувам на работното место додека не го завршам ова“, можете да кажете, „Сега ќе ги завршам потешките делови, а полесниот дел ќе го сработам утре“. Тоа ќе биде поттик да го завршите и овој тежок ден, а ќе можете и да уживате во своето слободно време и да го намалите стресот.