Пред да почине на 79-годишна возраст, Лиз им остави на сите жени во светот, неколку лекции за љубовта според кои секоја жена би требало да се води.rnrnБи рекле дека е малку чудно Елизабет Тејлор да дава лекции за љубовта, со оглед да тоа дека самата таа се мажела 8 пати, но не може да се порекне дека таа знаела како да живее и да сака. Благодарение на нејзиниот дух и ненаситната желба за мажи, покојната актерка има љубовна историја за која повеќето жени можат само да сонуваат.rnrn
rnrnОва се 9 лекции за љубовта кои треба да ги научиме од Елизабет Тејлор:rn
1. Играј по своите правила, занемари го општеството
rn
„Не ми е целта да бидам обична домаќинка. Не сум, и никогаш не би можела да бидам“ – нагласува Лиз во една прилика. И имала право, бидејќи таа била сѐ само не обична.
rnДодека нејзините врснички изигрувале жени од Степфорд, Лиз ги следела своите амбиции во кариерата и нижела мажи еден по друг, и тоа во време кога разводот не бил ни одблизу прифатлив како што е денес. Таа навистина била пред своето време.rn
2. Омажи се за оној кој мисли дека си дар од Бога
rnНејзиниот петти (и шести) сопруг, Ричард Бартон во својот личен дневник пишувал многу поетично за Лиз. Еве дел:rn
„Таа е срамежлива и духовита, не е ничија играчка, брилијантна актерка е и поубава одошто може да се замисли. Може да биде арогантна и тврдокорна, но и слатка и прекрасна. Таа ги толерира моите мани и пијанства, утробата ме боли кога сме далеку еден од друг. Таа ме сака.“
rn
3. Никогаш немој да украдеш маж на другарка, а ако тоа го направиш, потруди се да ги измазниш работите со неа
rnСекој би помислил дека односот на Лиз Тејлор и Деби Рејнолдс ќе биде чуден, во најмала рака, бидејќи Еди Фишер, ја остави Деби за Лиз, по долгогодишно пријателство помеѓу двете актерки. Но, тие двете, до самата смрт на Елизабет останаа блиски.rn
„Жените се сакани, а мажите обожавани, вклучувајќи го и мојот маж. Луѓето мислат дека сите се злопамтила, но јас не сум“ – изјавила Рејнолдс по смртта на Лиз.
rn
4. Дијаманти не се одбиваат
rnПо една бурна кавга со Бартон, како подарок во знак на помирување, Лиз добила дијамантско ланче. Па би било непристојно да се одбие ваков подарок, зарем не?rn
5. Ако не те сака, продолжи понатаму
rn
„Кога ќе дојдат на одредени години, некои мажи изгледа се плашат да пораснат, па што постари стануваат, толку помлади жени бараат.“
rnЛекцијата која можеме да ја научиме е дека ако за оној кој го сакаме не сме доволно убави и млади, треба едноставно да го напуштиме.rn
6. Кавгите се нормални
rnНедоразбирањата се неизбежен дел од една врска. Тејлор и Бартон биле толку навикнати на кавгите, што дури кога резервирале соба во хотел, ги изнајмувале и собите над и под својата, за да не би им пречеле на соседите со своите бучни препирки.rn
7. Немој да остануваш со некого додека не го најдеш вистинскиот
rn
„Многу сум посветена на бракот. Затоа се мажев осум пати“ – рекла таа во една прилика.
rn
8. Не потценувај ја страста
rn
„Со мојот живот управува страста, секогаш тоа сум го признавала“ – рекла Лиз.
rnНе е ни чудно што заради „слободните“ сцени во филмот „Клеопатра“, Ватикан ја прогласи за блудница.rn
9. Не плачи за пропадната врска
rnСоветот кој славната актерка го дава за раскинувањата би требало да биде водилка за сите жени:rn
„Тури си пијалак, стави кармин и среди се.“
rn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.