Освен ако не се обидувате да забремените, редовниот месечен циклус е истовремено и добра и лоша вест. Од една страна вие мора да се соочувате со силни грчеви, надуеност и промена на расположението, додека пак, од друга страна, барем знаете со сигурност дека не сте бремени. Токму затоа доколку ви доцни во период кога бебето не ви е на врвот од вашата агенда, вие сигурно веднаш почнувате да паничите. Но, бременоста не е единствениот фактор кој влијае на доцнењето…rnrn
rn
1. Болест
rnНенадејна и кратка болест, или пак некои видови хронични болести можат да влијаат врз одложувањето на вашиот циклус. Ова најчесто е моментална состојба, но сепак добро е да се консултирате со гинеколог со цел да откриете кога вашиот циклус ќе ви се врати.rn
2. Промена во распоредот
rnДрастичните промени во распоредот можат навистина да го нарушат вашиот внатрешен часовник. Ова особено се случува кога ќе го смените работното време од дневно во ноќно. Исто така доколку постојано работите во смени и имате проблеми со циклусот, обидете се да се изборите за постојана смена бидејќи на тој начин ќе можете да го решите овој проблем полесно.rn
3. Прекумерна тежина
rnПрекумерната тежина може да влијае врз вашите хормони така што вашиот циклус може да доаѓа на неколку месеци или пак, целосно да сопре. Повеќето жени се враќаат во нормала кога ќе изгубат неколку килограми, дури и ако сè уште имаат прекумерна тежина.rn
4. Премала тежина
rnДоколку немате доволно маснотии во телото вие со сигурност нема да имате редовни циклуси, а понекогаш може да се случи и тие целосно да престанат. Најчесто со зголемувањето на тежината може и да го вратите вашиот циклус. Овој проблем е најзастапен кај алетите и жените кои вежбаат премногу.rn
5. Неправилности со тироидната жлезда
rnОваа жлезда која се наоѓа во вашиот врат е одговорна за регулација на вашиот метаболизам. Таа исто така е поврзана и со многу други системи во вашето тело. Па, доколку страдате од било каков вид нарушување на нејзиниот баланс, големи се шансите дека тоа ќе има влијание и врз вашиот месечен циклус.rn
6. Полицистични јаници
rnСтанува збор за нерамнотежа во хормоните која настанува поради недостаток од овулација и која резултира со нарушено ниво на естроген, прогестерон и тестостерон. Други симптоми за овој синдром вклучуваат појава на влакна на лицето и градите, потешкотии при губење тежина и потенцијални проблеми со неплодноста.rn
7. Погрешно пресметување
rnМенструалниот циклус варира од жена до жена. И покрај тоа што за просечен циклус се смета оној кој трае 28 дена, тоа не е вистинито за сите. Понекогаш ние мислиме дека нашиот циклус доцни, но всушност не сме го откриле неговото вистинско траење. Доколку имате нередовен менструален циклус, но знаете кога е вашата овулација, тогаш очекувајте да добиете за околу 2 недели подоцна. Ова може полесно да ви помогне да откриете кога треба да го очекувате вашиот циклус.rn
8. Менопауза
rnМенопаузата е оној момент во вашиот живот каде што повеќе нема да имате овулација и менструација. Исто така, периодот пред менопаузата може да се карактеризира со нередовни циклуси, послаби или посилни, почести или поретки кои на крај завршуваат со целосно нивно сопирање.