Сè што треба да знаете за сланината

Сподели

Доколку мислите дека знаете сè за овој сувомеснат производ, размислете повторно. Во продолжение следуваат 6-те факти за сланината што со сигурност не сте ги знаеле! Оваа вкусна закуска е многу поздрава и поинтересна одошто мислевте, па сигурни сме дека уште денес ќе си ја подготвите за ручек и ќе уживате во нејзиниот интензивен вкус.

Реклама

rn

1. Лечи мамурлак

rnБританските истражувачи од Универзитетот во Њукасл го поврзале консумирањето сланина со намалувањето на последиците од мамурлакот. Имено, тие откриле дека таа содржи одредени аминокиселини што помагаат да се надополнат невротрансмитерите чиј број брзо опаѓа по интензивното пиење алкохол.rn

Реклама

2. Го освежува здивот

rnЗаборавете на пастата за заби со етерични масла како хибискус, нане и други освежувачки билки и побарајте ја онаа со миризба на сланина. Пастата со оваа димена состојка ги чисти забите на традиционален начин, но истовремено ви го освежува здивот повеќе од која било билка.rn

3. Најдобро се пржи во рерна

rnСпротивно на општото мислење, најкрцкавата сланина излегува од рерната. Наместо во тава, едноставно ставете ја на хартија за печење и така поставете ја во рерната. Не само што ќе постигнете одлична крцкавост, туку и ќе си ја намалите работата за чистење.rn

4. Предизвикува зависност

rnНајновите истражувања покажуваат дека исхраната богата со калории и маснотии, вклучувајќи ја и сланината, го стимулираат центарот во мозокот што е задолжен за уживање. На тој начин се создава и телесна потреба од вкусот која се граничи со зависност.rn

Реклама

5. Постојат празници за сланината

rnНекои нации се толку опседнати со сланината што ѝ посветуваат посебно внимание. На пример, во Америка, саботата пред Денот на трудот неофицијално се смета за Ден на сланината. Љубителите на вкусот тогаш уживаат во неа, правејќи скара и собири со најблиските.rn

6. Помага при помнењето

rnСланината содржи микронатриен познат како колин, што е важен за развојот на хипокампусот во мозокот, делот резервиран за помнењето. Една неодамнешна студија од Универзитетот во Северна Каролина сугерира дека истата состојка може да допринесе за подобар развој на мозокот кај нероденото дете доколку трудницата консумира храна богата со тој елемент.

Прочитајте ги овие причини зошто сланината е храна од соништата!

Најново

Може ќе ве интересира