Поглед кон алтернативна историја на Северна Америка која ни го покажува животот по Втората светска војна во која победиле нацистите
rn
Главни улоги: Алекса Давалос, Руперт Еванс, Лук КлеинтенкrnrnЖанр: драма, научна фантастика, трилерrnrnКреатор: Френк СпотнитсrnrnПремиера: 15 јануари 2015rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 60 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 8/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnОваа ТВ серија е адаптација на популарната книга со истото име од Филип К. Дик. Уште во првата епизода може да се забележи дека приказната се движи блиску до настаните од самата книга, оживувајќи ги ликовите кои сигурно добро ги помните доколку сте ја прочитале. Можеби тоа е една од причините зошто оваа ТВ серија брзо стана една од најгледаните за 2015 година. Имајќи го тоа на ум и фактот што Ридли Скот е режисер, како и одличниот тим актери, слободно можеме да кажеме дека оваа приказна уште долго ќе се емитува на малите екрани.rnrn
rnrnПриказната започнува со мал вовед во животот на главната хероина, Џулијана Крејн (Алекса Давалос), која ќе пронајде видео снимки во кои нацистите губат. Истите оние снимки кои ни се нам денес достапни. Иако ѝ делуваат невозможно и другите ја убедуваат дека се само дел од пропаганда направена од страна на човекот во високиот замок, сепак таа решава да почне да истражува бидејќи длабоко во себе верува дека тие се вистини. Токму тогаш започнува нејзината потрага по вистината која ќе ја одведе на неверојатно патување.rnrn

