rn
10. Засекогаш (Forever)
rn200-годишниот бесмртник Хенри работи во мртовечницата на Њујорк каде што се обидува да најде клуч за клетвата на својата бесмртност. Неговите неверојатни способности за дедукција, кои наликуваат на големиот Шерлок Холмс, ќе му помогнат да започне соработка со полицијата при истражувањето на најзастрашувачките убиства.
rn
11. Општеството Црвена лента (Red Band Society)
rnОваа приказна нè води во животот на млади тинејџери кои се приморани да живеат во болница. Сите тие се со различен карактер и припаѓаат на различни групи во своите училишта и никогаш не би ни помислиле дека токму тие би станале толку блиски пријатели.
rn
12. Фарго (Fargo)
rnБесцелникот Лорн Малво пристигнува во малиот град Минесота и почнува негативно да влијае врз тамошните жители. Тој како и секогаш претходно, веднаш започнува со своите злочини и насилства, а со себе повлекува и други, вклучувајќи го навидум смотаниот продавач на осигурителни полиси Лестер Најгард, кој под влијание на Малво ја убива својата сопруга и потоа изненадувачки мудро се обидува да ја прикрие секоја трага која води до него. Одличен криминалистички трилер, за 10-ка!

