rn
7. Како да се извлечеш неказнет за убиство (How to Get Away with Murder)
rnГрупа амбициозни студенти по право и нивната брилијантна професорка која работи и како бранител ќе станат дел од изопачено убиство кое целосно ќе го смени текот на нивниот живот.
rn
8. Запри и запали (Halt and Catch Fire)
rnДејството на оваа приказна се одвива во 1980-тите години и ни го прикажува неверојатниот развој на компјутерите преку очите на визионер, инженер и гениј чии иновации директно се спротивставуваат со тогашните корпоративни гиганти. Нивното лично и професионално партнерство ќе биде огромен предизвик, под влијание на алчноста и егото на култура која е во фаза на големи промени во Тексас.
rn
9. Силиконска долина (Silicon Valley)
rnЗа време на трката во областа на технологијата која владее во модерната Силиконска долина, луѓето кои имаат најголеми можности за успех се и најмалку способни да ги издржат притисоците од тој успех. Оваа комедија е делумно инспирирана од искуството на Мајк Џаџ во доцните 80-ти години.

