Оние кои обожаваат книги секогаш ќе сакаат да испробаат нови начини на нивно уредување. Покрај основните и вообичаените полици кои ги имаат повеќето, вреди да ја искажете вашата креативност и да создадете нешто необично, затоа што вашите книги заслужуваат да им посветите внимание! Погледнете ги овие идеи кои ќе можете да ги искористите за во вашиот дом.rn
1. За сите оние кои обожаваат да се шегуваат
rn
rnrnОвие полици освен што служат за редење книги, имаат и своја забавна страна: Малата библиотека која е на ниво на земјата се врти, па води во детската соба на горниот кат. Овие интересни полици биле дизајнирани од архитектот Мет Вајт за неговото семејство.rn
2. За оние кои обожаваат топла атмосфера
rn
rnrnОвие полици се сместени на ѕидот, а во средина помеѓу нив се наоѓа шпорет на дрва, што дополнително ја прави атмосферата потопла и поопуштена.rn
3. За мрзливите
rn
rnrnОваа фотелја „со библиотека“ е дизајнирана од италијанскиот бренд Nobody&Co и ви овозможува сите омилени книги да ви бидат буквално на дофат. Не мора да станувате, за да ја изберете наредната за читање. Оваа е паметна идеја и доколку имате мал простор во вашиот дом.rn
4. За оние кои имаат високи тавани
rn
rnrnАко имате поголем простор на вашиот ѕид, тогаш не двоумете се истиот да го пополните со полици за книги. Секогаш е добро да погледнете дека вашиот ѕид од подот до таванот е исполнет со книжевно богатство.rn
5. За оние кои не обожаваат да стануваат од креветот
rn
rnrnАко сакате да не се разделувате од вашиот кревет, тогаш додавањето полици зад него е одлична идеја.rnrnСвртете на наредната страница за да погледнете уште креативни идеи.rn
