Некои филмови ве тераат да размислувате долго откако ќе ги изгледате. Некои ги гледате и веднаш ги заборавате. Тука се и филмовите кои се обожавани од понежниот пол. Верувајте, постојат филмови од овие последните кои не се романтични. Како жените, и тие можат да бидат повеќеслојни и непредвидливи. Погледнете 20 од нив.rn
1. „Живот во розово“ (La Vie en Rose)
rnСтанува збор за приказна за француската дива Едит Пјаф, која водела долга борба за да живее, пее и љуби. Без сомнение ова е ремек-дело кое ја доловува вистинската атмосфера во Париз во времето на Пјаф. Гледаме дека Градот на светлината е сладок и романтичен само за оние кои не го познаваат.rn
2. „Џи Ај Џејн“ (G.I. Jane)
rnИако е без комплицирани пресврти и без сцени со битки, сепак ова е можеби еден од ретките филмови кој навистина ни ја покажува силата на човечкиот дух, во овој случај посебно помеѓу жените. Овој филм содржи некои незаборавни сцени и дејството е совршено правејќи ја самата приказна класика.rn
3. „Насмевката на Мона Лиза“ (Mona Lisa Smile)
rnОвој филм ќе ве научи за вредноста на достоинството, гордоста и целта. Но тоа не е најважното нешто, туку фактот што ви покажува колку е клучно да мислите на себе. Благодарение на оваа поука и на добро одбраната филмска екипа, овој филм има универзална привлечност.rn
4. „Девојка од милион долари“ (Million Dollar Baby)
rnОвој филм е волшебен, најмногу поради приказот на реалноста. Ја покажува вистинската напнатост и бруталност на животот. Според некои овој филм е депресивен, но кога приказната е за млада девојка која сака да стане шампион во боксување, едноставно не можете да очекувате среќен крај.rn
5. „Ѓаволот носи прада“ (The Devil Wears Prada)
rnМодниот свет е навистина убав, но истовремено е и злобен. Дури и најмалиот неуспех може да ве доведе до дното. Иако е сличен со многу комични драми, сепак е одлично дело со убав заплет кој е оживеан од Мерил Стрип и Ен Хатавеј.rn
6. „Револуционерен пат“ (Revolutionary Road)
rnКога ќе завршите со овој филм нема да можете да станете од креветот бидејќи ќе знаете дека сѐ што изгледавте е всушност наменето токму за вас. Сите ние може да избегаме далеку, како протагонистите во филмот, но никогаш нема да можеме да избегаме од самите нас.rn
7. „Кралицата“ (The Queen)
rnОвој филм го прикажува тешкиот период низ кој поминало кралското семејство по смртта на принцезата Дијана.
Филмските предлози продолжуваат на следната страница…rn

