Фотографии од вистинските Амазонки кои им предизвикувале страв во коски на непријателите

Сподели

Приказните за вистинските хероини се главниот извор на инспирација за холивудските филмски режисери. Се сеќавате на Зина, Црвената Соња и Жената Мачка? Моментално, најпопуларна е силната Вондер вуман. Нејзиното олицетворение на екраните, Гал Гадот, е една навистина шармантна дама. Но, дали таа личи на вистинска Амазонка? Погледнете ги следниве фотографии од вистинските Амазонки кои биле познати по нивната бестрашност и моќност…rn

Реклама

Како изгледаат Амазонките во нашата имагинација?

rnЛикот на Гал Гадот, принцезата Дијана, е хероина од древните митови. Таа прв пат се појавила во стриповите од 1941 година. Како резултат на тоа, сите обожаватели на суперхероите мислат дека Амазонките изгледаат исто како неа.rn

Која е реалноста?

rnВсушност, Амазонките изгледале вака. Дали се сеќавате на тоа дека сите херои од античките митови, како што се Херкулес и Тезеј, морале да се борат со моќните Амазонки за да ја докажат нивната храброст?rn

Реклама

Дури и нивните блиски луѓе се плашеле од нив

rnОвие жени воини живееле во западноафриканското кралство Дахомија, кое се протегало до јужниот дел од пустината Сахара. Тие биле чувари и посветени сопруги на кралот. Но, и покрај тоа, господарот на овие земјишта не се осмелувал да ги допре, бидејќи се плашел од нив.rn

Една третина од војската на Дахомија ја сочинувале Амазонки

rnТие не се ликови од митологијата, туку вистински воени сили кои учествувале во битките со француските колонијални трупи кон крајот на 19-тиот век. Бројот на жени воини во Дахомската војска изнесувал околу 6.000.rn

Знаеле како да користат мечови и огнени оружја

rnИсто како и митолошките Амазонки, така и Дахомските жени воини биле добро подготвени за борба во секое време. Многу жени доброволно ѝ се придружувале на војската, бидејќи повеќе сакале да станат воини отколку домаќинки.rn

Реклама

Амазонките биле моќни воини и покрај тоа што сѐ уште користеле копја

rnСе-Донг-Хонг-Бе била лидерка на Дахомските Амазонки и таа немала милост за нејзините непријатели. Во 1851 година застанала на чело на женската војска во битката против тврдината Егба во Абеокута и ја освоиле ако биле вооружени само со копја и стрели. Бранителите на тврдината биле вооружени со топови и мускети.

Ова е портрет на Се-Донг-Хонг-Бе на којшто таа ја држи отсечената глава на еден од заробеницитеrn

Жените воини не биле ретки

rnПред некое време, бил земен примерок од ДНК-та од гробот на еден благороден викингшки воин во Бирка, Шведска, којшто подоцна бил дешифриран. Испаднало дека воинот е всушност жена!

Сега, откако дознавте како изгледале вистинските жени воини, нема зошто да не уживате во фотографиите на следниве неколку жешки Амазонки.

Најново

Може ќе ве интересира