КАФЕ ПАУЗА

Меланхолија (Melancholia)

Меланхолија (Melancholia)

Written by

in

,

Филм за судниот ден и за различниот однос кон смртта, за депресијата како болест, за комплицираните семејни односиrnrnrnМеланхолија (Melancholia)Режија: Ларс фон ТрирrnrnУлоги: Кирстен Данст, Шарлот Генсбур, Кифер Сатерленд, Александар Скарсгард, Шарлот РамплингrnrnВреметраење: 136 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 18 мај 2011rnrnЖанр: драмаrnrnНаша оценка: 7/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn————————————————————————————————————————————————–rnПо претпоследниот филм, „Антихрист“ на данскиот режисер Ларс фон Трир, речиси целата кинематографска индустрија си поставуваше прашања за тоа какви внатрешни демони ја измачуваат неговата душа. Откако тој објави во медиумите дека боледува од депресија и дека тоа дело е еден вид негова филмска терапија, сè доби совршена смисла. Е, па наликува дека Трир колку-толку излегува од тој екстремно себе-измачувачки период и почнува да се приближува кон своето старо режисерско „јас“ кое ни е познато од филмовите како „Догвил“ или „Наспроти брановите“. rnrnСите оние што погледнале негово дело, знаат дека не може да очекуваат леснотија. Тој отсекогаш заземал еден психијатриски однос кон своите ликови, но „Меланхолија“ е дефинитивно парче во кое многу поприбрано, полиниски ги поставува своите прашања. Иако и тука депресивната состојба на Трир се насетува од секоја страна, сепак не преовладува до тој степен да ја преврти филмската рамнотежа кон забележливо лудило.rn————————————————————————————————————————————————–rn

rnПриказна: Главни протагонисти во „Меланхолија“ се двете сестри: Џастин (Кирстен Данст) и Клер (Шарлот Генсбур), а филмот е составен од два дела, секој фокусиран на една од нив. Во првата половина, Трир го прикажува денот на венчавката на Џастин каде пополека сведочиме на цела мрежа на комплицирани семејни односи. Уште во првите 10 минути очигледно е дека таа е ексцентричната, неурамнотежена сестра, а Клер е рационалната и прибраната, која се обидува да ги држи работите под контрола.rnrnБавното филмско темпо прави да се чувствуваш како да си ù во главата на Џастин која боледува од депресија. Иако многу неодговорени прашања лебдат во воздухот, се чини дека целта е повеќе да ни се донесе чувството на тегобност отколку да ни се разрешуваат дилемите. Во вториот дел од филмот се анализираат Клер и нејзиниот сопруг Џон (Кифер Сатерленд) во периодот додека се соочуваат со можноста планетата Меланхолија да удри во Земјата и да направи сè пепел и прав. Додека тие доаѓаат до состојба на лудило, веќе „лудата“ Џастин ја прифаќа смртта како таа да не е пострашна од работите низ кои веќе поминува.Меланхолија (Melancholia)И во двете филмски етапи, фокусот е на меланхолијата само гледана во поинаков контекст. Од една страна, на нејзината разорна моќ како болест во еден мини семеен универзум, а од друга, како планета која ќе не срамни со земја. Како и да е, ефектот е ист само прашањето е дали уништувањето е физичко или пак психичко. Покрај очигледните анализи, Трир наметнува и прашања за односот кон смртта, за тоа каде се, во одредени ситуации, границите на лудоста и на нормалноста, за безрезервните семејни односи. Сепак, успева да задржи цврста филмска линија која е (по)едноставна да се следи.Меланхолија (Melancholia)Глума: Комплетната екипа во „Меланхолија“ е со голема актерска заднина и грешки се неприфатливи. Данст и Генсбур се стожерите во приказната и повеќе од очигледно е дека сериозно поработиле на умствените состојби на своите ликови.rnrnКако што веќе споменавме, Трир сака да чепка по психичките состојби на карактерите, така што потребна е опсежна анализа за да можеш да одговориш на сите негови барања. А, трудот на овие две актерки е повеќе од видлив. Можеби во комплетниот впечаток, црна точка е непостојаноста во акцентите. Така, Данст ни зборуваат на американски, додека Генсбур на англиски јазик поради што кај гледачот се јавува мала збунетост. Па, сепак тие се сестри.Меланхолија (Melancholia)Кинематографија: Трир кој е познат по тоа што го започна правецот на нискобуџетни „догма“ филмови, во овој период од кариерата работи пак со огромна финансиска позадина. Така „Меланхолија“ е преполна со импресивни кадри кои буквално би сакал да ги ставиш во рамка и да ги закачиш на ѕид. Уникатната режисерска рака на Трир сè уште се чувствува, но вмешани се и многу доработки, специјални ефекти и што ли уште не.Меланхолија (Melancholia)Кога и како да го гледате: Пожелно е „Меланхолија“ да се проследи на големото филмско платно затоа што моќта на некои кадри така значително би се засилила. Поубаво е да го гледате ноќно време, во темна просторија. Доколку не обрнавте внимание на саатницата, да напоменеме дека филмот трае повеќе од два часа па бидете подготвени на тој чекор. Остатокот е ваш избор.Меланхолија (Melancholia)rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук