КАФЕ ПАУЗА

Кој би рекол – Оваа играчка е една од најпродаваните! Како жолтото шатче „доплови“ до секоја када во светот?

Кој би рекол – Оваа играчка е една од најпродаваните! Како жолтото шатче „доплови“ до секоја када во светот?

Кој би рекол дека идејата за малото, жолто шатче, која, заедно со нас пливаше во кадата кога бевме мали, ќе му донесе милиони долари на неговиот креатор?rnrnКој би рекол – Оваа играчка е една од најпродаваните! Како жолтото шатче „доплови“ до секоја када во светот?rnrnВерувале или не, токму тоа се случило. Оваа гумена играчка, која честопати е направена од винил пластика, е создадена во 1947 година и оттогаш станала хит. Таа била дизајнирана од скулпторот Питер Ганин.rnrnПретходните шатки кои потекнуваат од 1800-тите биле цврсти и тешки, па можело само да ги украсуваат полиците затоа што биле направени од керамика.rnrnЖолтото лесно шатче е идеално за капење и забава во кадата. Уште на почетокот биле продадени 50 милиони парчиња од оваа играчка.rnrnГуменото шатче со посебна популарност се здобило во САД во 1969/70 година, кога се појавило во шоуто „Sesame Street“ („Улица Сезам“) во песната „Гумено шатче“. Ерни од ова шоу пеел за тоа како обожува да се дружи со својот „другар“ во кадата, а песната станала хит во тој период.rnrnhttps://youtu.be/Mh85R-S-dh8rnrnВо 1992 година, се појавиле информации дека 29.000 изгубени шатчиња биле пронајдени покрај брегот на Тихиот Океан, помагајќи им на научниците подобро да го сфатат движењето на брановите и морските струи.rnrnПродажбата на жолтите шатчиња за капење пораснала за 80% во Велика Британија во 2001 година, откако весникот „The Sun“ објавил дека кралицата Елизабета II ја има оваа гумена играчка со круна на главата, во нејзината бања.rnrnКултурните жолти шатчиња имаат конкурентен дух бидејќи нивните сопственици ширум светот се собираат и организираат трки со нив. Станува збор за илјадници шатчиња кои се спуштаат низ вода, а првото што ќе ја мине целната линија е победникот.rn

Дали знаете која е најголемата жолта шатка во светот?

rnТаа е дело на холандскиот уметник Флорентин Хофман од 2007 година, тежи 600 килограми и го обиколи целиот свет како уметничко дело: била поставена во Холандија, Белгија, Јапонија, Бразил, Австралија, Кина, Кореја, САД.rnrnКој би рекол – Оваа играчка е една од најпродаваните! Како жолтото шатче „доплови“ до секоја када во светот?rnrnЖолтата шатка е симбол на забава скоро насекаде во светот, а е присутна и на социјалните мрежи, особено на Инстаграм под хаштагот #rubberduck.rnrnМожеби сакате да прочитате и за дилемата играчки или патувања: Што е подобро за развој на детскиот мозок?